Тим со кој си сигурен – успех на нашите вработени на финансиските игри

Biljana|16/05/2022 | Вести |

Финансиските спортски игри е настан кој се одржува еднаш годишно и претставува еден заеднички „тим билдинг“ настан во кој се вклучени повеќе финансиски компании како банки и осигурителни компании. На овие игри претставници од вработените во компанииите формираат тимови во различни спортски дисциплини и се натпреваруваат меѓусебно. 

Оваа година игрите се се одржаа од 12.05.2022 до 15.05.2022 во Охрид. Нашиот тим составен од вработени во Македонија осигурување-Виена Иншуренс Груп, Актива осигурување и Тренд МР ги бранеше боите на дејноста осигурување наспроти банки и други финансиски институции. Оваа година имавме учество во многу дисциплини, а некои учесници беа вклучени во повеќе од една. 

Машки тимови имавме во дисциплините: фудбал, серва фудбал, кошарка, одбојка, пинг понг, стрелаштво.

Женски тимови имавме во дисциплините: баскет, одбојка, тенис, пинг понг, пикадо, стрелаштво

Натпреварите во шах беа во мешан состав.

Нашите тимови постигнаа повеќе успеси со освојување на медали и пехари во различни дисциплини:

  • Освоено прво место серва фудбал мажи
  • Освоено второ место баскет жени
  • Освоено второ место пинг понг жени
  • Освоено второ место стрелаштво мажи
  • Освоено трето место одбојка жени

Освоените пехари веќе се на почесно место на пријавницата во зградата на Македонија осигурување во Скопје

Оваа година во тимот беа за првпат и нови колеги, кои заедно со искусните учесници со докажан спортски дух ја оправдаа довербата и направија да се чувствуваме гордо што не претставуваат.