Во четвртокот, 9 ноември, одржавме ЕКО Акција на вештачкото езеро Прилеп, заедно со колегите од Прилеп, Битола и Ресен од Македонија осигурување -Виена Иншуренс Груп, како и од Тренд -МР со помош на Комуналното претпријатие Прилеп.
Ја искористивме можноста за општествено активен ден (Social Active Day) и нашето секојдневие од работа во канцеларија го заменивме со прекрасна природна убавина. Покрај напорите на Комуналното претпријатие Прилеп, со коишто проговоривме за нивни искуства и напори околу одржување на просторот чист, овој простор има доста отападоци. Особено се забележливи околу паркинг просторот и уредениот дел со клупи и летниковци.
Акцијата е симболична, но темата важна и сакаме со ова да ја подигнеме свеста за еколошкиот момент на зачувување на природните богатства околу нас. Независно дали сме во град, село или во природа треба да се однесуваме одговорно и еколошки свесно, затоа што немаме резервна планета.