КОГА ЗНАЕТЕ ШТО ВИ ТРЕБА
Нашата најнова полиса е резултат на она што вие го баравте.
Создадена од искуството и од барањата на клиентите чии потреби се зголемуваат.
Оваа полиса е нашата идна НАЈ бидејќи во неа се опфатени оптимално и комплетно сите ризици за домот и предметите, а притоа внимаваме на стандардот на клиентите.
Новата проширена плус полиса опфаќа штети:
Основни осигурени ризици со проширена плус полиса | |
Пожар | ✓ |
Гром | ✓ |
Експлозија | ✓ |
Луња | ✓ |
Град | ✓ |
Манифестација и демонстрација | ✓ |
Летала | ✓ |
Удар на возила | ✓ |
Вандализам | ✓ |
Тежина на мраз и снег | Х |
Мраз | ✓ |
Излевање на вода од инсталации во станбени објекти | ✓ |
✓– покрива
х – не покрива
Полисата нуди и опции за дополнителни ризици како:
Покритие на ризик земјотрес
Што осигуруваме со основната премија? | |
Станбени објекти (куќи, згради) | ✓ |
Подвижен имот во објектот што се осигурува (облека, покуќнина, мебел, електрични апарати) – имот без попис | ✓ |
Други градежни објекти (гаражи, летни кујни и сл.) | ✓ |
Трошоци за нужно сместување | ✓ до 1 500 € |
Што осигуруваме со лимити во рамките на основната премија (без попис) | |
Станбени објекти во деловни цели | ✓ со доплаќање |
Готови пари, вредносни хартии, златници… | ✓ до 750 € |
Накит, часовници, скапоцени и полускапоцени камења | ✓ до 1 000 € |
Скапоцености, вазни, сребрени предмети, крзна, слонова коска и сл. | ✓ до 1 000 € |
Уметнички слики и скулптури | ✓ до 1 000 € |
Оружје со уредна дозвола | ✓ до 500 € |
Надворешни носачи на податоци | ✓ до 100 € |
Пловила внатре во градежните објекти | ✓ до 1 500 € |
ТВ, аудио и видеоопрема, алармен уред, по поединечен предмет | ✓ до 750 € |
Компјутери и компјутерска опрема | ✓ до 750 € |
Лаптоп, таблет и мобилен телефон, вклучително и оние добиени од работодавецот | ✓ до 500 € |
Подвижен имот во други градежни објекти | ✓ до 500 € |
Штети на заеднички имот во згради | ✓ до 750 € |
Штети настанати надвор од местото на осигурување | до 500 € за лаптоп, таблет и мобилен телефон |
Напомена: Не се опфатени штети од расипување и дотраеност.
Помош при времено губење на домот
Полисите покриваат и трошоци за привремено нужно сместување доколку вашиот дом е толку оштетен што во него не може да се живее.
Пример:
Изнајмување на наместен станбен објект со слична големина според цените во околината на местото на живеење, сѐ додека вашиот дом не се оспособи за нормално живеење.
Преселба на вашиот подвижен имот доколку се решите трајно да се иселите од местото на осигурување.
Осигурување од одговорност кон трети лица
Ова осигурување е опционално и кај сите полиси. Се однесува на ваша заштита доколку со вашето домаќинство или имот направите штета на соседните објекти и на соседите.
Пример: Доколку направите штета од излевање вода на соседниот стан или доколку покрај вашиот објект изгори и претрпи штета и соседниот.
Попусти
Погодности при плаќање