Се што му треба на едно семејство од осигурување!

  • покритие за временски непогоди, пожар, кражба
  • осигурување на членовите на семејството
    од незгода,
  • каско на моторни возила
  • попусти за семеен пакет

Семеен пакет

Осигурувањето е неопходен дел од нашите животи. Сите имаме потреба да бидеме сигурни дека сме се заштитиле себеси, нашето семејство, нашите блиски и работите што ги поседуваме во случај нешто да тргне како што не треба.

Пакет за комбинирано осигурување на семејствата, исклучително поволна понуда за нашите клиенти.

Осигурување на домот

Кога станува збор за нашите домови, имаме различни потреби, па затоа оваа понуда е приспособлива. Може да ви е потребно осигурување само на објектот, само на покуќнината или, можеби, и на едното и на другото. Ако сакате да вклучите и некои вредни предмети, ако имате викендичка или, пак, живеете како потстанар, ние имаме решение и за тоа. Вашиот дом ќе биде заштитен, без оглед на тоа дали сте дома или на пат, од непогодите што ги носи природата и што може да ни се случат.

Основно осигурување (осигурени ризици):

  • пожар;
  • гром;
  • експлозија;
  • луња во смисла на ветер со брзина поголема од 62 км/час;
  • град;
  • удар на возило;
  • вандализам, злонамерна штета;
  • штети од излевање на вода од прснати инсталации во станбени објекти;
  • летала (осигурувањето ги покрива и штетите настанати од објекти испаднати од леталата).

Дополнително осигурување
(осигурени ризици):

  • земјотрес;
  • поплава, порои и високи води (поради силни атмосфрески врнежи;
  • свлекување на земјиште, како последица на природна појава;
  • снежна лавина;
  • одговорност кон трети лица;

Осигурување на автомобилот

Можеби само што сте купиле ново возило или некој од вашето семејство штотуку зел возачка дозвола, па сакате да го осигурите својот автомобил. Можеби сакате да го обновите своето каско-осигурување, а време е и за редовната регистрација на возилото.

Што и да ви е потребно, ние можеме да ви обезбедиме осигурување по достапна цена, брзо и едноставно:

  • сообраќајна незгода (превртување, судир, удар, лизгање, урнување и сл.);
  • паѓање на некого или удар од некој предмет;
  • пожар;
  • ненадејно надворешно термичко или хемиско дејство;
  • удар од гром;
  • експлозија;
  • паѓање на воздушни летала;
  • манифестации и демонстрации;
  • злонамерни постапки или постапки од трети лица, кражба, противправно одземање на возилото и разбојништво со важност во Р Македонија, во другите европски земји и во Р Бугарија.

Осигурување на лицата во семејството

Со ова осигурување, може да договорите осигурителна заштита за сите членови на семејството, без оглед на возраста, од несреќен случај што како последица може да предизвика:

  • смрт од болест;
  • смрт од незгода;
  • трајна загуба на општата работна способност (инвалидитет);
  • влошено здравје што бара лекарска помош (трошоци за лекување);
  • преодна неспособност за работа (дневен надомест).

Зошто да купите семеен пакет?

Убедени сме дека најголемата вредност на овој пакет е тоа што тој нуди осигурување на:

  • вашата инвестиција во домот и во подвижниот имот ако тие се оштетат од некои од опфатените ризици;
  • вашата одговорност кон трети лица, доколку со својот осигурен имот направите штета кон нив;
  • каско-осигурување на моторните возила;
  • непланираните трошоци што може да произлезат од последиците од незгода на некој од членовите на семејството.

Попусти

Ова е економична полиса за куќата, станот, викендичката, автомобилот и за членовите на семејството со максимални попусти.

Во зависност од тоа дали ќе одберете два или три вида осигурување во комбинација, покрај многуте попусти по видовите поединечно, добивате екстрапопусти за пакетот на осигурување:

  • за 2 вида осигурување – 10% попуст на вкупната премија;
  • за 3 вида осигурување – 12,5% попуст на вкупната премија.

Плаќање на премија

Премијата може да ја платите во готово и да добиете 5% попуст. Или, да одберете плаќање на рати, и тоа на максимум 12 рати, без камата.

Што е важно да знаеме за да ви обезбедиме осигурување?

За објекти

  • локацијата;
  • староста на објектот;
  • градежниот материјал;
  • градежната вредност на објектот;
  • колку време е ненаселен објектот;
  • дали е викенд-куќа;
  • дали имате бонус од претходно осигурување;
  • дали имате алармни и други уреди за заштита.

За подвижен имот и други вредности

  • дали го осигурувате и објектот или само имотот;
  • дали имате предмети што се поспецифични;
  • дали се наоѓаат во објект ненаселен повеќе од 30 дена;
  • дали сте потстанари;
  • дали имате алармни и други уреди за заштита;
  • претходно осигурување.

За автомобилот

  • видот, марката;
  • новонабавната вредност на возилото;
  • дополнителните покритија за багаж, за опремата;
  • претходното осигурување на возилото;
  • заштитата.

За Вашето семејство

  • возраста на членовите на семејството;
  • нивната здравствена состојба;
  • ризиците за кои ќе одберете заштита;
  • одбраните суми за осигурување по ризици.

За бесплатна пресметка и за повеќе информации, како и за можностите за плаќање на премијата и за поединечните попусти по видови, ќе ви помогнат нашите агенти за осигурување, застапниците и брокерите за осигурување, јавете се на телефон 02/ 3115-188 или дојдете во нашите простории.

Како да го намалиш стресот предизвикан од несигурност?

14/07/2022

Несигурноста е главен причинител на стрес и ни ја пореметува способноста да ја планираме иднината.   Нор...

Дознај повеќе

Дали нашите гости и соседи се наша одговорност?

01/06/2022

Голем број од македонските граѓани живеат во станбени згради, со тоа се дел од станбена заедница и имаат по...

Дознај повеќе

Сигурност за најмладите

14/05/2020

Драги пријатели, клиенти и партнери.  Покрај нашите постојани заложби да ви овозможиме лесен онлајн пристап...

Дознај повеќе

Чување на здравиот разум во услови на пандемија

15/04/2020

Како можеме да останеме со здрав разум (силни, активни, добрососедски и енергични) за време на оваа криза? ...

Дознај повеќе

„Отштета онлајн“ – Дигитализација каква што сака секој осигуреник

30/01/2020

Транспарентно - пријавување и процесирање на штета Осигурување Македонија а.д. Скопје, Виена Иншуренс Груп...

Дознај повеќе

„РАЗДВИЖИ ГО СРЦЕТО“ – ДОБРОТВОРНА ТРКА

03/11/2017

По добивањето на нашата награда за општествена одговорност ова лето, не заборавивме да продолжиме со  актив...

Дознај повеќе

КАКО ДА ГО ЗАШТИТИТЕ ВАШИОТ ДОМ КОГА НЕ СТЕ ДОМА?

31/10/2017

Време е на одмори и на многумина од нас ни се случува да го оставиме нашиот дом празен. Во прилог неколку ...

Дознај повеќе

6 СОВЕТИ ЗА ПРИПРЕМА ВО СЛУЧАЈ НА КАТАСТОФА

18/10/2017

Кај милјардерите во силиконската долина има еден нов тренд, а тоа е да си спремат скривалишта во случај на ...

Дознај повеќе

НОВИНИ ВО ПОЛИСИТЕ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ НА ДОМАЌИНСТВО

18/10/2017

Можеби веќе слушнавте? - Нашите полиси за домаќинство се со подобрени услови! Целта ни е секогаш да изле...

Дознај повеќе

ДА СЕ БИДЕ ОДГОВОРЕН Е ЗАБАВНО – ОСИГУРУВАЊЕ МАКЕДОНИЈА СО...

18/10/2017

„Ајде да бидеме одговорни, забавно е“ е повикот кој го испрати Осигурување Македонија a.д.Скопје-Виена Иншу...

Дознај повеќе
Погледни ги сите новости