1. Информации во врска со обработка на лични податоци
Идентитет и контакт на податоците на контролорот и офицерот за заштита на личните податоци: Контролор: МАКЕДОНИЈА Осигурување АД Скопје – Vienna Insurance Group, седиште во Скопје на ул. 11 Октомври Бр.25, e-mail: info@insumak.com.mk, Офицер за заштита на личните податоци: ivica.medarski@insumak.mk. Дополнителни податоци за офицерот за заштита на личните податоци може да најдете на интернет страницата на Друштвото www.insumak.mk.
2. Обработка и заштита на личните податоци
МАКЕДОНИЈА Осигурување АД Скопје – Vienna Insurance Group врши обработка (собирање, евидентирање, организирање, чување итн.) на лични податоци на субјекти на лични податоци во согласност со одредбите на Законот за заштита на лични податоци и другите релеванти позитивни законски прописи, применувајќи соодветни технички и организациски мерки за обезбедување на безбедност на личните податоци.
Собраните лични податоци се дел од збирките на лични податоци на МАКЕДОНИЈА Осигурување АД Скопје – Vienna Insurance Group, а МАКЕДОНИЈА Осигурување АД Скопје – Vienna Insurance Group во својство на контролор на личните податоци, истите ги користи согласно основните начела за обработка на лични податоци дефинирани во Законот за заштита на личните податоци.
3. Правен основ за обработката на личните податоци
МАКЕДОНИЈА Осигурување АД Скопје – Vienna Insurance Group обработува лични податоци кои се неопходни за остварување на различни права и обврски. Правниот основ за обработка на лични податоци може да биде нотиран во позитивните прописи на Република Северна Македонија.
4. Цели за обработката на личните податоци
Личните податоци (телефонски број и електронска адреса – e-mail), МАКЕДОНИЈА Осигурување АД Скопје – Vienna Insurance Group обработува лични податоци по различни цели.
Личните податоци се неопходни за обработка од страна МАКЕДОНИЈА Осигурување АД Скопје – Vienna Insurance Group со цел исполнување на правата и обврските што произлегуваат од позитивните прописи или од други правни акти склучени помеѓу субјектите и контролорот.
Личните податоци од страна на МАКЕДОНИЈА Осигурување АД Скопје – Vienna Insurance Group се обработуваат и врз основа на претходна согласност од субјектот на личните податоци (кога не постои основ во позитивните прописи или кога не постои легитимен интерес), а недавањето на согласност за обработка на овие податоци може да има за последица несоодветно остварување на определени права и обврски.
Согласноста за обработка на личните податоци може да се повлече во секое време преку доставување на известување за повлекување на согласност по пошта на следната адреса: ул. 11 Октомври Бр.25, 1000 Скопје, со назнака за Офицерот за заштита на лични податоци или преку електронска адреса ivica.medarski@insumak.mk. Со повлекување на согласноста за обработка на лични податоци МАКЕДОНИЈА Осигурување АД Скопје – Vienna Insurance Group ќе прекине со понатамошна обработка на личните податоци и истите ќе ги избрише од базите на податоци со што можат да настанат определени последици, освен во случај кога постои друга обврска за обработка на личните податоци.
5. Рокови на чување на лични податоци
Личните податоци, МАКЕДОНИЈА Осигурување АД Скопје – Vienna Insurance Group ги чува во рокови определни во позитивните прописи, односно во рокови определени во прописите кои ја дефинираат архивската граѓа. По истекот на роковите за чување личните податоци ќе бидат избришани/уништени од базите на податоци на МАКЕДОНИЈА Осигурување АД Скопје – Vienna Insurance Group и истите нема да се обработуваат за други цели.
6. Права на субјектите на личните податоци
Остварување на правата кои произлегуваат од Законот за заштита на личните податоци (право на пристап, корекција, бришење, ограничување на обработката на лични податоци, приговор и преносливост), се врши преку доставување на барање на електронската адреса на офицерот за заштита на лични податоци: ivica.medarski@insumak.mk. На истата електронска адреса може да се достави барање во врска со сите прашања поврзани со обработката на личните податоци.
Доколку субјектот на лични податоци смета дека обработката на личните податоци за целите не е во согласност со одредбите на Законот за заштита на личните податоци, или пак смета дека е повредено некое право за заштита на личните податоци, има право да поднесе барање за утврдување на прекршување на прописите за заштита на личните податоци до Агенцијата за заштита на личните податоци како надлежен орган за вршење на надзор над законитоста на преземените активности при обработката на личните податоци на територијата на Република Северна Македонија.
7. Пренос на личните податоци
МАКЕДОНИЈА Осигурување АД Скопје – Vienna Insurance Group може да изврши пренос на лични податоци во земји членки на Европската Унија, земји членки на Европскиот економски простор и трети земји. За вршење на преносот на лични податоци во земји членки на Европската унија и Европскиот економски простори се известува Агенцијата за заштита на личните податоци, а преносот на лични податоци во трети земји се врши по претходно добиено одобрени од страна на Агенцијата за заштита на личните податоци.
При вршење на преносот на личните податоци се обезбедува високо ниво на технички и организациски мерки за обезбедување на тајност и заштита на личните податоци. Исто така, се обезбедуваат сите неопходни заштитни мерки за обезбедување на тајност и заштита на личните податоци преку стандардни клаузули за заштита на личните податоци кои се одобрени и објавени од страна на Европската комисија.
Сите дополнителни информации во однос на заштитните мерки може да се добијат со поднесување на барање до по пошта на следната адреса: ул. 11 Октомври Бр.25, Скопје со назнака за Офицерот за заштита на лични податоци или преку електронска адреса ivica.medarski@insumak.mk.
8.Обработка на лични податоци за цели на директен маркетинг
Личните податоци за цели на директен маркетинг, МАКЕДОНИЈА Осигурување АД Скопје – Vienna Insurance Group ги обработува само врз основа на експлицитна согласност за обработка на личните податоци за цели на директен маркетинг за своите услуги.
Согласноста за обработка на личните податоци за цели на директен маркетинг може да се повлече во секое време, бесплатно, со писмено барање (доставено на следната електронска адреса: ivica.medarski@insumak.mk, или по пошта до МАКЕДОНИЈА Осигурување АД Скопје – Vienna Insurance Group, ул. 11 Октомври Бр.25, 1000 Скопје, со назнака “До Офицерот за заштита на лични податоци”).