Некогаш имаме потреба од посебни полуксузни опции и нестандардни покритија. Едноставно претходните полиси не ви се доволно покритие за сè што поседувате. Тогаш нема никаква дилема дека оваа полиса ќе обезбеди специјално покритие и осигурување на вашиот дом, имот и покуќнина.
Со посебна спецификација за поголеми вредности во домот ќе договориме и покритие за техника, опрема и предмети со поголема вредност.
Основни осигурени ризици што се покриени со специјална полиса | |
Пожар | ✓ |
Гром | ✓ |
Експлозија | ✓ |
Луња | ✓ |
Град | ✓ |
Манифестација и демонстрација | ✓ |
Летала | ✓ |
Удар на возила | ✓ |
Вандализам | ✓ |
Тежина на мраз и снег | ✓ |
Мраз | ✓ |
Излевање на вода од инсталации во станбени објекти | ✓ |
Покритието за провална кражба и разбојништво е до сумата на осигурување на осигурените предмети.
Полисата нуди и опции за дополнителни ризици како:
Покритие на ризик земјотрес
Што осигуруваме со основната премија? | |
Станбени објекти (куќи, згради) | ✓ |
Подвижен имот во објектот што се осигурува (облека, покуќнина, мебел, електрични апарати) – имот без попис | ✓ |
Други градежни објекти (гаражи, летни кујни и сл.) | ✓ |
Трошоци за нужно сместување | ✓ до 2 500 € |
Што осигуруваме со лимити во рамките на основната премија (без попис) | |
Станбени објекти во деловни цели | ✓ без доплаќање |
Готови пари, вредносни хартии, златници… | ✓ до 1 000 € |
Накит, часовници, скапоцени и полускапоцени камења | ✓ до 1 500 € |
Скапоцености, вазни, сребрени предмети, крзна, слонова коска и сл. | ✓ до 1 500 € |
Уметнички слики и скулптури | ✓ до 1 500 € |
Оружје со уредна дозвола | ✓ до 500 € |
Надворешни носачи на податоци | ✓ до 250 € |
Имот земен под наем или лизинг | ✓ до 500 € |
Пловила внатре во градежните објекти | ✓ до 1 500 € |
ТВ, аудио и видеоопрема, алармен уред, по поединечен предмет | ✓ до 1 000 € |
Компјутери и компјутерска опрема | ✓ до 1 000 € |
Лаптоп, таблет и мобилен телефон, вклучително и оние добиени од работодавецот | ✓ до 500 € |
Злоупотреба на граѓански чекови и кредитни картички од штети настанати од провална кражба и разбојништво | ✓ до 250 € |
Подвижен имот во други градежни објекти | ✓ до 500 € |
Штети на заеднички имот во згради | ✓ до 1 500 € |
Штети настанати надвор од местото на осигурување | до 1 000 € (во масивен објект)
до 250 € (во друг објект) |
Напомена: Не се опфатени штети од расипување и дотраеност.
Помош при времено губење на домот
Полисите покриваат и трошоци за привремено нужно сместување доколку вашиот дом е толку оштетен што во него не може да се живее.
Пример:
Осигурување од одговорност кон трети лица
Ова осигурување е опционално и кај сите полиси. Се однесува на ваша заштита доколку со вашето домаќинство или имот направите штета на соседните објекти и на соседите.
Пример: Доколку направите штета од излевање вода на соседниот стан или доколку покрај вашиот објект изгори и претрпи штета и соседниот.
Попусти
Погодности при плаќање
Можност за плаќање на рати.
Директно од вашата сметка во деловна банка со траен налог.