Прием во осигурување – функција која ги опфаќа активностите околу: преземање ризици, реосигурување, процесирање на полисите за осигурување и сл.;
Продажба – Друштвото ја обавува преку агенти за осигурување кои се во редовен работен однос, но и преку друштва за застапување во осигурување и осигурителни брокерски друштва;
Решавање и исплата на штети – со правилното, навремено и точно решавање на штетите настанати по продадените полиси, всушност го исполнуваме нашиот дел од обврската за која и постоиме. Овој сегмент на постпродажбата впрочем ја зацврстува довербата на нашите осигуреници во нас;
Финансии и сметководство – законските обврски за водење на деловните книги, финансиските ивештаи, како и другите законски обврски за навремено известување се дел од обврските на оваа функција. Работењето со средствата кои ги покриваат техничките резерви, како и капиталот се исто така составен дел од обврските на овој сектор;
ИТ функција е на многу високо развиено ниво во нашето Друштво. Тоа се потврдува со фактот дека имаме интерна ИТ апликација која ги покрива сите делови од нашето работење, ги покрива и делот на финансиите, човечките ресурси, електронската архива и друго. Нашето Друштво уште пред 10 години има восопоставен План за континуирано работење во чии рамки е и целосно имплементиран Планот за опоравување од катастрофи. Имаме и комплетно опремена резервна локација во една од нашите згради надвор од Скопје на оддалеченост која во целост одговара на сите стандарди за имплементирање на вакви планови;
Правна заштита – бидејќи работиме со огромен број на комитенти, нормално е дека понекогаш имаме потреба од експерти за правна заштита. Оваа заштита ја обавуваме вонсудски – преку менаџирање на приговори, кредит контрола и упорно обидување за наплата на побарувањата, како и остварувањето на регресни побарувања по основ на штети. Кога сите можности за вонсудски договори се исцрпени, тогаш правната работа ја добиваме преку нашите искусни вработени правници кои не застапуваат на суд, но и преку надворешни адвокати;
Човечки ресурси – сите обврски кон вработените, нивните права по работните договори, но и нивната едукација и тренинг се обезбедуваат преку оваа функција;
Актуарство – носителите на оваа функција ја проверуваат точноста на пресметката на техничките и др. резерви на Друштвото, примената на соодветна методологија, со оптимален опфат и квалитет на обработените податоци;
Усогласување со закони – со спроведувањето на оваа функција обезбедено е редовно следење на усогласеноста на работењето во Друштвото во целина со сите важечки законски прописи и акти, како и проценка на влијанието на промените во законската регулатива врз работењето на Друштвото и утврдување на евентуални ризици;
Внатрешна ревизија – извештаите на Секторот за интерна ревизија во изминатите 13 години редовно потврдуваа дека Друштвото своето работење го усогласува со активните законски прописи и интерни акти, имплементираниот систем на контроли ја овозможува потребната заштита во процесите на работење и дека е воспоставен соодветен систем на известување;
Маркетингот, управувањето со основните средства, архивското работење и другите функции го дообразуваат целосниот изглед на нашето Друштво и многу придонесуваат за неговото успешно работење;