EN MK

ЕКОНОМИЧНА ПОЛИСА

  • Основно осигурување на домаќинство.
  • Покритие за ненаселени станови и викендички.

Економична полиса

Ако првпат го осигурувате домот и не сте сигурни за што да се одлучите, започнете со оваа полиса.

Доколку живеете во зграда, ви обезбедува сигурна заштита од основни ризици за осигурување на домаќинство.

Доколку живеете во куќа, ова е поекномично решение со одлично покритие.

Со овој пакет може да се осигурат ненаселени станови и викендички.

Осигурени ризици со економична полиса
Пожар
Гром
Експлозија
Луња
Град
Манифестација и демонстрација
Летала
Излевање на вода од инсталации во станбени објекти

 

Неосигурени ризици со економична полиса
Удар на возила Х
Вандализам Х
Тежина на мраз и снег Х
Мраз Х

Полисата нуди и опции за дополнителни ризици како:

  • поплава, порој и високи води
  • слегнување на земјиште
  • снежна лавина
  • земјотрес
  • стакло од кршење

Покритие на ризик земјотрес

  • Опфаќа надомест на штети предизвикани од земјотрес што ја надминува магнитудата од 3,5 степени по Рихтеровата скала.
  • Ги покрива и штетите од неконструктивни пукнатини на објектите, доколку се избере покритие без франшиза.
  • Во зависност од вашата одлука, договараме со или без ваше учество во штета (франшиза).

Други покритија

Покритието на провална кражба и разбојништво е лимитирано на 750 евра.

Економичната полиса покрива трошоци за нужно сместување до 1 000 евра.

Можности и за посебно проширување на покритието за стакло од ризикот кршење.

 

Што е предмет на осигурување со економичната полиса?

Што осигуруваме со основната премија?
Станбени објекти (куќи, згради)
Подвижен имот во објектот што се осигурува (облека, покуќнина, мебел, електрични апарати) – имот без попис
Други градежни објекти (гаражи, летни кујни и сл.)

Цената на полисите се разликува и по вредноста на осигурениот имот.

Основната разлика е во покритие на сегашната вредност на објектот или на новонабавната градежна вредност.

Што осигуруваме со лимити во рамките на основната премија (без попис)
Уметнички слики и скулптури ✓ до 250 €
ТВ, аудио и видеоопрема, алармен уред, по поединечен предмет до 500 €
Подвижен имот во други градежни објекти ✓ до 500 €

✓– се осигурува

х – не се осигурува

Напомена: Не се опфатени штети од расипување и дотраеност.

Напомена за амортизација: Кај економичната полиса се одбива амортизација кај станбени објекти од тврда градба при делумни штети.

Помош при времено губење на домот

Полисите покриваат и трошоци за привремено нужно сместување доколку вашиот дом е толку оштетен што во него не може да се живее.

Пример:

Изнајмување на наместен станбен објект со слична големина според цените во околината на местото на живеење, сѐ додека вашиот дом не се оспособи за нормално живеење.

Преселба на вашиот подвижен имот доколку се решите трајно да се иселите од местото на осигурување.

Осигурување од одговорност кон трети лица

Ова осигурување е опционално и кај сите полиси. Се однесува на ваша заштита доколку со вашето домаќинство или имот направите штета на соседните објекти и на соседите.

Пример:

Доколку направите штета од излевање вода на соседниот стан или доколку покрај вашиот објект изгори и претрпи штета и соседниот.

Не сте сигурни дека ова е вашата полиса?

*Погледнете ја споредбената табела на ризици.

 

1. Табела на основни ризици
Легенда на симбoли: √ – осигурен ; x – неосигурен
Основни ризици Економична полиса Проширена полиса Проширена плус полиса Специјална полиса
Пожар
Гром
Експлозија
Луња
Град
Манифестација и демонстрација
Летала
Удар на возила
Вандализам x
Тежина на мраз и снег x x x
Мраз x x
Излевање на вода од инсталации во станбени објекти
2. Табела на дополнителни ризици
Легенда на симбoли: √ – осигурен со дополнителна премија
Основни ризици Економична полиса Проширена полиса Проширена плус полиса Специјална полиса
Поплава, порој и високи води
Слегнување на земјиште
Снежна лавина
Земјотрес

Попусти

  • За обнова на осигурување
  • За немање штети
  • За франшиза
  • За осигурување на група објекти
  • Посебен попуст како дел од СЕМЕЕН ПАКЕТ
  • За еднократно плаќање на премијата
  • За долгорочно осигурување  на 5 или 10 години
  • За повеќе осигурувања
  • За поседување атестирани алармни уреди, блиндор-врати, код-ки сеф и сл.

 

Погодности при плаќање.

Можност за плаќање на рати.

Директно од вашата сметка во деловна банка со траен налог.

Побарајте бесплатна пресметка  уште денеска и добијте ја најдобрата понуда.

Услови за осигурување

Пријава на штети

Продажна мрежа

Брошура