ОСИГУРУВАЊЕ ТРАНСПОРТ

  • Колку е ризичен неосигураниот транспорт?
  • Одберете ја вашата полиса пред да го извршите транспортот

Транспорт

Колку чини неосигурениот транспорт?

Обезбедуваме осигурително покритие за пратките без оглед на видот на стоката, на превозното средство и на релацијата. Во согласност со сопствените потреби, одберете покритие за копнен, авионски, речен, поморски или за комбиниран транспорт.

Осигурување на стока при транспорт (карго)

Во домашниот и во меѓународниот транспорт, пратките, односно стоките при транспорт, се изложени на големи ризици од делумни и од целосни штети.

Обезбедуваме осигурително покритие за пратките без оглед на видот на стоката, на превозното средство и на релацијата. Во согласност со сопствените потреби, одберете покритие за копнен, авионски, речен, поморски или за комбиниран транспорт. Без оглед на тоа дали вашата основна дејност е превоз на стока, трговија, увоз–извоз на стока, дали водите шпедитерска компанија или сте организатор на превоз, имаме решение за осигурување на стоката што ја транспортирате.

Во согласност со Конвенцијата ЦМР (CMR) (Carriers Liability), договорете и полиса за осигурување на вашата одговорност како превозник.

Осигурување на стока во меѓународен транспорт (International Cargo)

Наменето е за сите трговски увозно-извозни компании, без оглед на тоа дали користат сопствени или туѓи превозни средства, во и надвор од границите на Р. Македонија, насекаде низ светот.

Во зависност од обемот на вашата работа, можеме да ви понудиме:

  • поединечна полиса по пратка – покритие по клаузулата AAR (Against All Risks), односно клаузулата „Против сите ризици“;
  • годишна полиса – покритие по клаузулата AAR (Against All Risks), односно клаузулата „Против сите ризици“;
  • можност за осигурување од дополнителни и од специјални ризици;
  • осигурување по институтска карго-клаузула А, Б, Ц, војна и штрајк, соодветно на последните измени од 1.1.2009 година.

Осигурување на пратки во домашен  транспорт

Оваа полиса покрива штети од физичка загуба или од оштетување на трговските стоки што се транспортираат на територијата на Р Македонија.

Пратките се покриени со осигурување од моментот кога ќе го поминат прагот на складот до завршувањето на истоварот. Во зависност од вашите потреби, без оглед на видот на стоката, на превозното средство (комбе, пикап, фургон, камион) и на релацијата, ви стојат на располагање нашите полиси:

Поединечна полиса
– покритие според покритие по клаузулата AAR (Against All Risks), односно клаузулата „Против сите ризици“

  • Ги покрива сите штети настанати поради физички загуби или оштетување на осигурената стока за време на превозот.
  • Исклучени се штетите предизвикани од природните својства или недостатоци на стоката, како и поради груба небрежност на осигуреникот.

Годишна полиса покритие според Пакет А /Пакет Б

Осигурени ризици ПАКЕТ А ПАКЕТ Б
сообраќајна незгода (превртување, свиткување на половина на
друмски превозни средства и /или исфрлање на воз од колосек)
сообраќајна незгода со нешто што не е дел од превозното средство
судир на возило за превоз со некој надворешен објект
виша сила (поплава, гром, луња, снежна лавина, лизгање на земјиште)
делумна и целосна кражба
натовар – истовар
пожар
експлозија
судир, кршење или присилно слетување на воздушно превозно средство
делумна кражба или кражба на целата пратка
штети при натовар и истовар на пратката

Годишната полиса обезбедува повеќе поволности, како и можности за бонуси и за попусти, сепак може да склучите договор и на пократок период, од 1 до 12 месеци.

Генерална полиса – покритие според покритие според покритие по клаузулата AAR (Against All Risks), односно клаузулата „Против сите ризици“

  • Ги покрива сите штети настанати поради физички загуби или оштетување на осигурената стока за време на превозот.

Осигурување на одговорност на превозникот , ЦМР (Carriers Liability)

Оваа полиса ви овозможува безбедно да ја преземете одговорноста при транспортот на пратките што ви се доверени. Осигурена е вашата одговорност како превозник кон корисниците, односно кон сопствениците на товарот, во меѓународен и во домашен транспорт.

Осигурувањето е во согласност со Конвенцијата ЦМР (CMR) и може да го склучи:

  • секој превозник со возило/влекач – добива годишна полиса по возило, која важи за сите превози во текот на годината;
  • секој организатор на превоз (за сите возила, сопствени и/или туѓи) – полисата се склучува годишно, а секој превоз се најавува посебно.

Ова се само некои од можните штети за кои може да биде докажана вашата одговорност додека го вршите транспортот:

  • целосна или делумна загуба на пратките;
  • оштетување на пратките и на контејнерите;
  • задоцнување на пратките.

Полисата е гаранција за вашиот професионализам со странските и со домашните партнери, таа му обезбедува континуитет на вашиот бизнис.

Плаќање на премијата на рати.

Повикајте ги нашите претставници од продажбата. Тие ќе ви помогнат да ги разгледате потребите за осигурување во вашата фирма. Јавете се на телефонскиот број 02/ 3115-188. Испратете електронска порака на info@insumak.mk. Сите консултации и пресметки се бесплатни и без обврска за осигурување.

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПРОМЕНИ НА ВАЖНОСТ НА ЗЕЛЕНИОТ КАРТОН ЗА ПАТУВАЊА...

14/06/2023

Ве известуваме дека Советот на Бироа во Брисел на Генералното Собрание одржано на ден 08.06.2023 година дон...

Дознај повеќе

Како да возиш и да заштедиш гориво?

18/07/2022

Постои начин како правилно да возиш и при тоа да заштедиш гориво, што во ова време на високи цени на горива...

Дознај повеќе

5 НАЈЧЕСТИ ПРИЧИНИ ЗА СООБРАЌАЈНИ НЕЗГОДИ

25/03/2019

Сите правиме грешки при возењето, некогаш се без последици, некогаш за влакно избегнуваме незгода, но некои...

Дознај повеќе

Што да правиш, а што не, во случај на сообраќајна...

12/01/2018

Што треба да правиш Биди учтив/а Остани културен и смирен кога разговараш со другиот возач. Запиши...

Дознај повеќе

Видот е важен

30/03/2018

Дознај повеќе

Опасност при ноќно возење

30/03/2018

Дознај повеќе

Брзи факти за ноќно возење

30/03/2018

Дознај повеќе

Паралелно паркирање чекор по чекор

30/03/2018

Дознај повеќе

Проверка на 3 месеци

30/03/2018

Дознај повеќе

Проверка на 6 месеци

30/03/2018

Дознај повеќе
Погледни ги сите новости

Листа на документи

Дознај повеќе