ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ

ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ

Оваа политика за приватност дава општи информации за обработката на личните податоци кога ја посетувате нашата интернет-страница и/или користите некоја од нашите услуги преку неа. Ги собираме само оние лични податоци што се неопходни за да ги оствариме нашите права и обврски.

Контролор на збирки на лични податоци

Контролор на личните податоци е Осигурување МАКЕДОНИЈА а.д. Скопје – Виена Иншуренс Груп (во понатамошен текст Контролор), со седиште во Скопје на ул. „11 Октомври“ бр. 25, Република Северна Македонија.

Контролорот е акционерско друштво за осигурување и реосигурување, кое има добиено дозвола за работа од страна на Агенцијата за супервизија на осигурувањето (како регулатор на пазарот на осигурување). Личните податоци се обработуваат во согласност со одредбите од Законот за заштита на лични податоци, подзаконските акти на Агенцијата за заштита на личните податоци и актите за технички и организациски мерки за обработка на лични податоци на Контролорот.

Чии податоци собираме

Можеме да собираме податоци поврзани со следниве категории на лица:

  1. посетители на нашата интернет-страница insumak.mk– Вообичаено собираме податоци за навигација (види подолу), кои се користат за анализирањето на податоците од посетите на нашата интернет-страница, како и за одржување информациска сигурност на нашата интернет-страница. Повеќе за употребата на колачиња прочитајте ја нашата политика за користење на колачиња. (линк).
  2. корисници на посебните апликации на Контролорот (кои се однесуваат на / или се поврзани со продажба на полиси за осигурување и поднесување барања за надомест на штета).
  3. лицата што поднесуваат известувања и барања до Контролорот, по различни основи дефинирани во позитивните прописи што ја обработуваат проблематиката за заштита на обработката на личните податоци.

Категории на податоци што се обработуваат

  1. Податоци за навигација

При посетата на нашата интернет-страница, за секој посетител се креираат логови со следниве податоци:

  • вашата интернет протокол (IP) адреса;
  • уредот од кој пристапувате, вид и модел;
  • вашиот оперативен систем;
  • видот на пребарувачот, plugins и верзија;
  • страниците што ги посетувате на нашата интернет-страница и времето што го минувате на секоја страница;
  • URL на страницата што ве префрлила на нашата интерент-страница и во некои случаи, термините што сте ги користеле во обидот да ја најдете страницата на Контролорот;
  • јазикот на пребарувачот што го користите;
  • држава (се одредува преку IP адресата).

Серверските логови автоматски се бришат во рок од 15 дена, освен доколку околностите не налагаат подолго задржување, на пример, за да се истражи вирус или злонамерен напад.

Самостојно ги одржуваме серверите и сите активности на интернет-страницата ги спроведуваме интерно, вклучувајќи ги логовите што се креираат и анализирањето на податоците што се пренесуваат од посетите на нашата интернет-страница.

  1. Податоци што корисниците доброволно ги доставуваат

Лични податоци што ги прибираме од вашата посета на нашата интернет-страница се оние што вие доброволно ги доставувате за конкретни цели, за да ни се овозможи да ги оствариме нашите права и обврски.

Може да собереме некој од следниве категории на лични податоци: (1) име и презиме, (2) адреса, (3) контакт телефон, (4) факс, (5) email и (6) потпис.

Како ги собираме личните податоци

Личните податоци ги собираме преку различни канали, вклучувајќи: (1) преку вашето користење на нашата интернет-страница, вклучувајќи ги овде и формите што се поставени за користење; преку нашиот email: info@insumak.mk, (2) преку пошта, (3) по факс, (4) усно.

За усните барања, се подготвува записник, кој се потпишува од страна на лицето што го поднело усното барање и од страна на лицето вработено кај Контролорот, кое го составило записникот и го завело во архивата на Контролорот.

Категории на корисници на лични податоци

Активностите на обработка на лични податоци поврзани со онлајн-услугите достапни преку интернет-страницата на Контролорот се извршуваат од страна на вработените одговорни за овие услуги или лицата задолжени за извршување на предметните активности.

Не споделуваме податоци за вас и/или за вашата посета на нашата интернет-страница на трети лица, освен во следните случаи:

  • во случај на ангажирање на даватели на услуги ако Контролорот ги ангажира како обработувачи со што ќе бидат обврзани да постапуваат по упатствата на Контролорот и позитивните прописи од областа на личните податоци и ќе обезбедат заштита на личните податоци што се обработуваат при обезбедувањето на тие услуги;
  • по барање на суд, полиција или други органи и тела за вршење на нивните надлежности и само ако постои законска основа за тоа.

Време на чување на собраните податоци

Податоците што ги собираме се чуваат во согласност со закон и периодот потребен за постигнување на целта на обработката и се утврдени во прегледот со рокови на чување на личните податоци на Контролорот.

Кои се Вашите права?

Вашите права во однос на обработката на лични податоци се:

  • право да бидете информирани за обработката на личните податоци,
  • право на пристап до личните податоци,
  • право на исправка и бришење на личните податоци,
  • право на ограничување на обработката на личните податоци,
  • право на приговор.

За дополнителни информации и/или остварување на вашите права за заштита на лични податоци, можете да го контактирате нашиот Офицер за заштита на лични податоци Ивица Медарски на следниов e-mail: ivica.medarski@insumak.mk

Право на поднесување на барање до АЗЛП

 

Ако сметате дека начинот на кој Осигурување МАКЕДОНИЈА а.д Скопје – Виена Иншуренс Груп ги обработува вашите лични податоци ги повредува одредбите на Законот за заштита на личните податоци, можете да поднесете барање до Агенцијата за заштита на личните податоци како надзорно тело, по кое ќе се постапува на ист начин како и секое друго поднесено барање, во согласност со член 97 од Законот за заштита на личните податоци.

Промена на политиката за приватност

Политиката за приватност редовно ќе се менува и дополнува соодветно на настанатите промени и нашите активности.