EN MK

ЗА СЕКОЈ ДОМ

  • Стандардно осигурување на домаќинство за секој дом.
  • Наша најпродавана полиса.

Проширена полиса

ПРОШИРЕНА ПОЛИСА

Проширената полиса е нашата најстандардна полиса и најпродавана досега. Обезбедува осигурување од пожар и други основни ризици, провална кражба и разбојништво и нуди опции за дополнителни ризици како поплава и земјотрес.

Идеална е за сите што сакаат да го заштитат својот дом од поголем број ризици и со повисоки покритија.

Стандардните предмети и други нешта во домот ги осигуруваме без попис.

Трошоците за нужно сместување до 1 500 евра се покритие во случај домот да е оштетен од некој ризик до толку што во него не може да се живее.

Основни осигурени ризици со проширена полиса
Пожар
Гром
Експлозија
Луња
Град
Манифестација и демонстрација
Летала
Удар на возила
Вандализам
Излевање на вода од инсталации во станбени објекти
Основни неосигурени ризици со проширена полиса
Тежина на мраз и снег Х
Мраз Х

Покритието за провална кражба и разбојништво е до 5 000 евра.

Полисата нуди и опции за дополнителни ризици како:

  • поплава, порој и високи води
  • слегнување на земјиште
  • снежна лавина
  • земјотрес
  • стакло од кршење

Покритие на ризик земјотрес

  • Опфаќа надомест на штети предизвикани од земјотрес што ја надминува магнитудата од 3,5 степени по Рихтеровата скала.
  • Ги покрива и штетите од неконструктивни пукнатини на објектите, доколку се избере покритие без франшиза.
  • Во зависност од вашата одлука, го договараме со и без ваше учество во штета (франшиза).
Што осигуруваме со основната премија?
Станбени објекти (куќи, згради)
Подвижен имот во објектот што се осигурува (облека, покуќнина, мебел, електрични апарати) – имот без попис
Други градежни објекти (гаражи, летни кујни и сл.)
Трошоци за нужно сместување ✓ до 1 500 €
Што осигуруваме со лимити во рамките на основната премија  (без попис)
Станбени објекти во деловни цели ✓ со доплаќање
Готови пари, вредносни хартии, златници… ✓ до 250 €
Накит, часовници, скапоцени и полускапоцени камења ✓ до 500 €
Скапоцености, вазни, сребрени предмети, крзна, слонова коска и сл. ✓ до 500 €
Уметнички слики и скулптури ✓ до 750 €
Оружје со уредна дозвола ✓ до 500 €
Надворешни носачи на податоци ✓ до 100  €
Пловила внатре во градежните објекти ✓ до 1 500 €
ТВ, аудио и видеоопрема, алармен уред, по поединечен предмет ✓ до 500 €
Компјутери и компјутерска опрема ✓ до 500 €
Лаптоп, таблет и мобилен телефон, вклучително и оние  добиени од работодавецот ✓ до 500 €
Подвижен имот во други градежни објекти ✓ до 500 €
Штети на заеднички имот во згради ✓ до 750 €
Штети настанати надвор од местото на осигурување до 500 €  за лаптоп, таблет и мобилен телефон

Напомена: Не се опфатени штети од расипување и дотраеност.

Помош при времено губење на домот

Полисите покриваат и трошоци за привремено нужно сместување доколку вашиот дом е толку оштетен што во него не може да се живее.

Пример:

Изнајмување на наместен станбен објект со слична големина според цените во околината на местото на живеење, сѐ додека вашиот дом не се оспособи за нормално живеење.

Преселба на вашиот подвижен имот доколку се решите трајно да се иселите од местото на осигурување.

Осигурување од одговорност кон трети лица

Ова осигурување е опционално и кај сите полиси. Се однесува на ваша заштита доколку со вашето домаќинство или имот направите штета на соседните објекти и на соседите.

Пример: Доколку направите штета од излевање вода на соседниот стан или доколку покрај вашиот објект изгори и претрпи штета и соседниот.

Не сте сигурни дека ова е вашата полиса?

Погледнете ја споредбената табела на ризици

1. Табела на основни ризици
Легенда на симбoли: √ – осигурен ; x – неосигурен
Основни ризици Економична полиса Проширена полиса Проширена плус полиса Специјална полиса
Пожар
Гром
Експлозија
Луња
Град
Манифестација и демонстрација
Летала
Удар на возила
Вандализам x
Тежина на мраз и снег x x x
Мраз x x
Излевање на вода од инсталации во станбени објекти
2. Табела на дополнителни ризици
Легенда на симбoли: √ – осигурен со дополнителна премија
Основни ризици Економична полиса Проширена полиса Проширена плус полиса Специјална полиса
Поплава, порој и високи води
Слегнување на земјиште
Снежна лавина
Земјотрес

Попусти

  • За обнова на осигурување.
  • За немање штети.
  • За франшиза.
  • За осигурување на група објекти.
  • Посебен попуст како дел од СЕМЕЕН ПАКЕТ.
  • За еднократно плаќање на премијата.
  • За долгорочно осигурување  на 5 или 10 години.
  • За повеќе осигурувања.
  • За поседување атестирани алармни уреди, блиндор-врати, код-ки сеф и сл.

Погодности при плаќање

  • Можност за плаќање на рати.
  • Директно од вашата сметка во деловна банка со траен налог.

Побарајте пресметка уште денеска и добијте ја најдобрата понуда.