Виена Иншуренс Груп – ВИГ
ПРОФИЛ НА КОМПАНИЈА
Линк до лого
Ние се стремиме на нашите клиенти во Австрија и во ЦИЕ да им понудиме вообичаени производи и услуги по нивна мерка. Нашата стратегија е насочена кон долгорочна профитабилност и кон стабилен раст на приходите, со што ние сме партнер од доверба во ова брзо време на промени.
Во „Виена Иншуренс Груп“ (ВИГ) има преку 25 000 вработени лица, кои работат во околу 50 друштва во 25 земји. Ние создаваме решенија што се во согласност со личните и со локалните потреби за осигурување, што, пак, нѐ прави да бидеме едно од водечките друштва за осигурување во Австрија и во Централна и Источна Европа (ЦИЕ).
СТРУЧНОСТ И СТАБИЛНОСТ
„Виена Иншуренс Груп“ е меѓународна осигурителна групација со седиште во главниот град на Австрија. Со паѓањето на „Железната завеса“ во 1989 година, ВИГ брзо се ширеше и од чисто австриско друштво за осигурување прерасна во меѓународна групација. ВИГ е синоним за стабилност и стручност кога станува збор за финансиска заштита од ризици. Почетоците на Групацијата датираат од 1824 година. Со своето речиси двевековно постоење и со својата насоченост кон тоа да обезбедиме стручно осигурително покритие, ние создадовме една цврста и сигурна основа за 20 милионските и нешто повеќе клиенти на Групацијата.
ЦЕНТРАЛНА И ИСТОЧНА ЕВРОПА ВО ФОКУС
Покрај Австрија, ВИГ е особено заинтересирана за Централна и Источна Европа, сметајќи ја за домашен пазар. Од пазарите во ЦИЕ Групацијата остварува повеќе од половина од својот премиски приход. Целото работење на ВИГ се стреми кон овој регион. Ова, главно, се одразува во предвидувањата за економскиот раст во ЦИЕ и се предвидува овој раст да биде двапати поголем од оној во Западна Европа. Воедно, станува збор и за сегашното ниво на густина на осигурувањето, кое сѐ уште е под просекот во ЕУ.
ПРИСУСТВО НА ЛОКАЛНИТЕ ПАЗАРИ
ВИГ има одговорност финансиски да ги заштити своите клиенти од ризици. Групацијата следи една стратегија што опфаќа повеќе брендови, т.н. „мултибренд“ стратегија што се потпира на воспоставените локални пазари, како и на локалниот менаџмент. Конечно, успехот на Групацијата и блискоста со клиентите се сведуваат на силината на секој бренд посебно и на локалното знаење, односно „ноу-хау“.
ФИНАНСИСКА СИГУРНОСТ И КРЕДИТЕН РЕЈТИНГ
Оцената на ВИГ е „A+“, што подразбира стабилна позиција, а ја дава реномирана и добропозната агенција за кредитен рејтинг „Стандард и Поорс“. Оваа оценка значи дека ВИГ останува на врвот од високорангирани друштва на Виенската берза и дека според АТХ-индексот, акциите на ВИГ се водечки на листата. Акциите на „Виена Иншуренс Груп“ котираат и на берзата во Виена и во Прага. „Винер Штедише осигурување“ (Wiener Städtische Versicherungsverein) е постојаниот и главен акционер што има поставено долгорочни цели и поседува околу 70% од акциите на ВИГ. Другите акции се во слободен оптек.