Ви посакуваме само убави доживувања при патување.
Ви нудиме патничко осигурување за поголема удобност. Ако на патувањето се случи незгода, болест или се укаже потреба од болничко лекување или неодложна хируршка интервенција, со патничката полиса ќе бидете згрижени каде и да сте, со помош на асистентската куќа достапна 24/7.
Ве молиме разгледајте ги покритијата „Виза“, „Класик“, „Класик плус“, „Економик“ и „Економик Плус“ пред да се одлучите.
Потоа подолу разгледајте ги полисите и одлучете во зависност од зачестеноста и типот на патување.
ТАБЕЛА НА ПОКРИТИЈА
Осигурени ризици и осигурени суми
ОСИГУРЕНИ РИЗИЦИ | КЛАСИК | КЛАСИК ПЛУС | ВИЗА | ЕКОНОМИК | ЕКОНОМИК ПЛУС |
Трошоци за лекување од незгода | до 30 000 € | до 50.000 € | до 30.000 € | до 10.000 € | до 10.000 € |
Трошоци за лекување од болест | до 15 000 € | до 30.000 € | до 15.000 € | до 10.000 € | до 10.000 € |
Продолжување на престојот по болничко лекување | до 200 € | до 400 € | |||
Посета на пациент | до 200 € | до 400 € | |||
Надомест на телефонски трошоци од болница
|
до 25 € | до 50 € | |||
Враќање дома на деца до 14 години | до 15 000 € | до 25 000 € | до 5 000 € | до 2 000 € | до 2 000 € |
Враќање на посмртни останки | до 15 000 € | до 25 000 € | до 5 000 € | до 2 000 € | до 2 000 € |
Порано враќање во Р Македонија поради болест или смрт на членови на потесното семејство | согласно член 30 од Условите | согласно член 30 од Условите | |||
Задоцнето пристигнување на багаж во странство:
|
50 EUR 100 EUR |
100 EUR 200 EUR |
|||
Кражба, уништување на багаж | до 30 000 MKD | до 40 000 MKD | до 20 000 MKD | ||
Кражба на багаж од моторно возило | до 15 000 MKD | до 20 000 MKD | до 20 000 MKD | ||
Загуба на патни документи | до 1 500 MKD | до 3 000 MKD | |||
Смрт од незгода | 150 000 MKD | 250 000 MKD | |||
Враќање на моторно возило | согласно член 33 од Условите | ||||
Замена на официјални состаноци | согласно член 34 од Условите | ||||
Откажување на патување | 3.000 MKD | ||||
Правна помош и осигурување на правна помош | до 6.000 EUR |
КАКО ДА ОДБЕРЕТЕ ПАТНИЧКА ПОЛИСА?
Надоместот при штета зависи од вашиот избор на осигурување и покритие. Доколку во полисата одберете или е вклучена и франшиза, тоа значи дека има ваше учество во отштетата.
Наведените примери и резиме на услуги немаат договорен, туку информативен карактер. При склучување на осигурувањето ќе ви бидат доставени Услови за патничко осигурување за вашите права и обврски.
Во зависност од тоа дали ви треба полиса за едно патување, за повеќе патувања за определен период или за патување во група, разгледајте ги опциите и покритијата без франшиза и со попусти за франшиза.
Сите ги сакаме празниците и времето кога може да се посветиме на себе си и најблиските, но најчесто тоа сло...
Дознај повеќеКаков и одмор да посакувате, ништо не може да се спореди со самоорганизирано патување. Дури и оние спокојни...
Дознај повеќе1. Прескокни ги местата што „мора да се видат“ Покрај својата популарност, некои луѓе баш и немаат некоја ...
Дознај повеќеМожеби веќе слушнавте? - Нашите полиси за домаќинство се со подобрени услови! Целта ни е секогаш да изле...
Дознај повеќе„Ајде да бидеме одговорни, забавно е“ е повикот кој го испрати Осигурување Македонија a.д.Скопје-Виена Иншу...
Дознај повеќе