10 ГРЕШКИ ШТО СЕКОЈ КОЈ ПАТУВА ТРЕБА ДА ГИ НАПРАВИ

admin|01/11/2017 | Патување |

1. Прескокни ги местата што „мора да се видат“

Покрај својата популарност, некои луѓе баш и немаат некоја желба да го видат Гринич. Исто, за некои патници Тајм Сквер на Нова година е неостварен сон, додека за други страшен кошмар.

Погоди што? Не мора да видиш или правиш нешто што не сакаш. Ако не си навистина заинтересиран, прекокни ги сите претпоставени „мора да се види“ или „еднаш во животот“ искуства. Ова е твое патување: прави го она што ти го сакаш.

 

2. Изгуби се

Предизвикувачки е да се испланира секој еден ден од твоето патување. Не сакаш да пропуштиш ништо – или не дај Боже – да изгубиш ден. Но барем за неколку часа на секое патување, обиди се да ја сокриеш мапата и да ги прескокнеш апликациите за планирање и види што ќе се случи. Најдобрите авантури се оние непланираните.

3. Зборувај со непознати

Помуабети со келнерот кој ти го донесе утринското капучино. Сподели клупа и разговор со некого во јавен парк. Постави му лично прашање на туристичкиот водич. Покани некого на чај. Насмевни се на странец и види што ќе се случи. Новите места се полни со нови луѓе – запознај некој од нив.

5. Изгуби го денот

Остани надвор до многу доцна и потоа остани во кревет покасно. Испушти цел ден разгледи и шетање одмарајќи се. (Само гледај ноќта што ќе си излезен да се исплати)

6. Однесувај се како турист

Не велиме дека треба да носиш смешна торба или да зборуваш гласно на мајчиниот јазик, но престани да се грижиш да изгледаш кул и носи ја таа беретка во франција, направи ја и таа клише слика како се потпираш на кривата кула во Пиза, пешачи со километри само да го пробаш најдобриот помфрит во Белгија. Нека не те ограничува стравот од тоа да бидеш типичен турист.

6. Остави го апаратот

Тргни се од зад објективот и направи нешто ново, без товарот да мора тоа да го документираш. Наместо да посегнуваш по телефонот и да се заборавиш во бирање на инстаграм филтер, вдиши длабоко и потполно предади се на искуството со самото тоа што ќе бидеш таму.

7. Направи нешто за што не те бива

Се плашиш од висини? Качувај се по карпи. Не знаеш да готвиш? Посети локален курс по готвење. Го поминуваме животот избегнувајќи ги работите за кои не нè бива. Кога патуваме барем, можеме да пробаме нови нешта. Многу луѓе изгледаат несмасно правеќи работи кои никогаш до тогаш не ги направиле. Може не те бива за тоа – но сепак, направи го.

8. Заборави на твоите сакани дома

Поминуваш многу саати барајќи совршени подароци за да им однесеш за сите блиски, вклучувајќи пријатели, родители и колеги. Покрај тоа што оваа пракса ментално истоштува, на крај твоите блиски завршуваат со магнети, шољи или маици кои и не ги ценат премногу.

Подобро прескокни ги сувенирите и наместо тоа однеси им некои локални вкусови – како колачиња, чоколади и сл. и подели им ги на колегите, роднините и пријателите. Со носењето на храна, им покажуваш на оние што ги сакаш дека си мислел на нив, без при тоа да им ги наполниш полиците со бескорисни и обично неавтентични сваштарии.

9. Купи си нешто некорисно

Само што ти дадовме дозвола да го скокнеш купувањето сувенири, но не заборавај да се почестиш себеси. Запомни: сувенир доаѓа од француското „да се запомне“

Затоа, ти текнува на тоа интересно уметничко рачно изработено парче или тој чуден орнамент од кој не можеше да се одделиш, слободно купи ги. Дури и тие смешни тракатанци, кои те привлекуваат, да немаат некоја практична примена или да се малку откачени за секој ден, сепак купи си ги и направи си колекција од уникатни сувенири, кои секогаш ќе те потсеќаат на твоите патувања.

10. Нека не ти се допаѓа

Нема правило кое вели дека треба да се заљубиш во секое место кое ќе го посетиш. Без разлика колку пари си инвестирал или колку далеку си патувал, не си обврзан по секоја цена да ти се допаѓа и да се заречеш дека ќе го посетиш повторно.

Светот ќе те изненади – ќе има времиња кога ќе се сретнеш со град спрема кој ќе ти се развие необјаснив и силен афинитет, а исто така ќе има и места со кои едноставно нема да имаш конекција. Држи си се до сопствените чувства. Да знаеш што не ти се допаѓа е исто така важно како што е да знаеш што ти се допаѓа.