Инклузивен ден Крива Паланка – Social Active Day 28.9.2024

Biljana|02/10/2024 | Општествена одговорност |

На 28 септември во рамките на Social Active Day имавме еден посебен инклузивен настан во „Countryside retreat“.

Со помош на локални одговорни граѓани организравме забавен ден за граѓани со попреченост од Крива Паланка со забава дружење и релаксација во природа и покрај животни.

Фармата ја води инспиративна жена која ги соединува световите на животните и луѓето кои имаат потреба од опоравување и се со некоја попреченост користејќи Хипотерапија. При тоа им дава нова смисла на деновите со работна обврска.

Семејствата, згрижувачите, сестрите коишто се грижат за лицата со инвалидитет ни ги раскажваа маките, но и убавите моменти од своето секојдневие. Имавме прилика да ги запознаеме и да разбереме дека вакви средби им се потребни да го истераат денот различно. На тие семејства им треба многу повеќе грижа и поддршка од целата заедница. Проследивме и концерт и песна со хармоника на самоуко младо момче и неговиот пријател , кои не нè гледаа, но нè почувствуваа за пријатели преку аплаузот.

Фармата има активности и отворени врати особено за лицата на коишто хипотерапијата и воопшто дружењето со животните им е од корист.

За овој незаборавен ден за нашите вработени како и на сите кои беа вклучени сме благодарни до Меѓуопштинскиот центар за социјална работа Крива Паланка за прифаќањето на поканата и организацијата на семејствата.

Деновите преку концептот  Social Active Day се доживување кое се памети и не менува со енергијата на различните  избори на работа со кои се среќаваме, но и не прави свесни за ограниченоста на можностите на другите.