МАКЕДОНИЈА - осигурување - АД -

Патничко

За едно патување, за подолг период , сами или во група со патничката полиса  имате безгрижно патување

Сакаме да мислиме на убави работи кога поаѓаме на пат, но ако се случат немили настани патувањето може да стане многу скапо. Затоа од досегашното искуство направивме збогатени покритија за безгрижно патување, а вие зависно од патувањето одберете од основни до луксузни покритија и полиси.

ЗОШТО ПАТНИЧКО ОСИГУРУВАЊЕ?

Доколку при патување се случи незгода, болест или се укаже потреба од болничко лекување или неодложна хируршка интервенција тогаш со помош на патничката полиса на МАКЕДОНИЈА осигурување ќе бидете згрижени каде и да сте. Кога е осигурувањето во прашање навистина е важно кој стои зад вас.

КАКО ЌЕ ЈА КОРИСТАМ ПОЛИСАТА ДОДЕКА СУМ НА ПАТ?

Со центарот за помош на нашата асистентска куќа  или со нашата поддршка се поврзувате на телефоните наведени во патничката полиса , на англиски или на македонски јазик, или преку мобилната апликација на GSBHelp, каде и да сте во светот 24/7 часа.

ШТО ТРЕБА ДА НАПРАВАМ ЗА ПОМОШ АКО СЕ РАЗБОЛАМ ДОДЕКА СУМ НА ПАТ?

Побарајте лекарска помош и јавете се во асистентската куќа или пријавете преку мобилната апликација.

МИ ДОЦНИ БАГАЖОТ? ШТО ДА ПРАВАМ БЕЗ МОИТЕ ЛИЧНИ РАБОТИ?

Доколку имате полиса со вакво покритие , обезбедете доказ за доцнењето на багажот и пријавете ја штетата по пристигнувањето дома на нашите шалтери или онлајн

ШТО СОДРЖАТ РАЗЛИЧНИТЕ ПОЛИСИ И ПОКРИТИЈА: КОМПАКТ, КЛАСИК, КЛАСИК ПЛУС ИЛИ ДАЈМОНД?

Повеќе комбинации, за да одберете, што најмногу одговара за вашето патување и вашите потреби. Пред да патувате, пред да се одлучите која полиса ви е потребна, ве молиме разгледајте ги покритијата. Од изборот на полиса зависи надоместот при штетен настан. Доколку во полисата одберете или е вклучена франшиза тоа значи дека има ваше учество во отштетата.

СПОРЕДИ И ОДБЕРИ ОД ТАБЕЛАТА НА ПОКРИТИЈА

Покритијата треба да бидат оптимални според патувањето.  Некогаш ви е потребно само покритие Компакт, за некои патувања одлични се Класик и Класик плус. Новото покритие Дајмонд ќе ви обезбеди безбеден луксуз за патувањата што го заслужуваат тоа.

КАКО ДА ОДБЕРЕТЕ КОЈА ПАТНИЧКА ПОЛИСА  ВИ Е ПОТРЕБНА?

Полисата треба да ги покрива деновите кога сте надвор од државата. Одберете осигурување по осигурени денови, неколку месеци или годишна полиса, во зависност од тоа каде патувате и колку често патувате и во зависност од тоа дали сте во група или сами.

ИНДИВИДУАЛНА ПОЛИСА

*препорачуваме за едно патување

ПЕРИОДИЧНА ПОЛИСА

минимум 15 осигурени денови , максимум 90 денови

СЕМЕЈНА + ПОЛИСА (*возрасни и деца)

*Препорачуваме за микс патници – семејство или пријатели

ГРУПНА ПОЛИСА (10 и повеќе лица патници)

 

ПОЛИСА ЗА ДЕЛОВНИ ПАТУВАЊА – КАРТИЧКА СО КУПУВАЊЕ ОСИГУРЕНИ ДЕНОВИ

*Препорачуваме за фирми чии вработени имаат деловни патувања

УСЛУГИ ДОСТАПНИ ОНЛАЈН

Како компанија секогаш настојуваме да сме достапни за сите ваши потреби за осигурување покрај директен контакт и преку нашите интернет услуги.

Контакти за продажба и подружници ќе најдете на www.insumak.mk .

Можете да купите патничка полиса онлајн, и да извршите електронско плаќање. Онлајн може да пријавите и штета.

Тука сме да појасниме сѐ што ве интересира

Добијте практичен совет од нашите искусни агенти и бесплатна пресметка. За сите детали и разлики во полисите, како и за обемот на покритие, прочитајте во Условите за осигурување или јавете ни се.

Услови за осигурување +389 (02) 3115 188