Ви посакуваме само убави доживувања при патување.
Ви нудиме патничко осигурување за поголема удобност. Ако на патувањето се случи незгода, болест или се укаже потреба од болничко лекување или неодложна хируршка интервенција, со патничката полиса ќе бидете згрижени каде и да сте, со помош на асистентската куќа достапна 24/7.
Ве молиме разгледајте ги покритијата „Виза“, „Класик“ и „Класик плус“ пред да се одлучите. Потоа подолу разгледајте ги полисите и одлучете во зависност од зачестеноста и типот на патување.
Побарајте ги нашите продавачи за повеќе информации.
ПОКРИТИЈА НА ПАТНИЧКО ОСИГУРУВАЊЕ
Покритијата се разликуваат по опфат на ризици и осигурена сума.
ОСИГУРЕНИ РИЗИЦИ | ВИЗА | КЛАСИК | КЛАСИК ПЛУС |
Трошоци за лекување од незгода | до 30 000 € | до 30.000 € | до 50.000 € |
Трошоци за лекување од болест | до 30.000 € | до 15.000 € | до 30.000 € |
Продолжување на престојот по болничко лекување | x | до 200 € | до 400 € |
Посета на пациент (пат и сместување) | x | до 200 € | до 400 € |
Телефонски трошоци од болница во Европа | x | до 25 € | до 50 € |
Телефонски трошоци од болница надвор од Европа | x | до 50 € | до 100 € |
Враќање дома на деца до 14 години | до 5 000 € | до 15 000 € | до 25 000 € |
Враќање на посмртни останки | до 5 000 € | до 15 000 € | до 25 000 € |
Порано враќање поради болест или смрт на членови на потесно семејство | x | во согласност со член 30 од Условите | во согласност со член 30 од Условите |
Задоцнето пристигнување на багаж/доцнење од 12 до 24 часа | x | до 50 € | до 100 € |
Задоцнето пристигнување на багаж/доцнење над 24 часа | x | до 100 € | до 200 € |
Кражба, уништување на багаж | x | до 30 000 МКД | до 40 000 МКД |
Кражба на багаж од моторно возило | x | до 15 000 МКД | до 20 000 МКД |
Загуба на патни документи | x | до 1 500 МКД | до 3 000 МКД |
Смрт од незгода | x | 150 000 МКД | 250 000 МКД |
Траен инвалидитет | x | до 300 000 МКД | до 500 000 МКД |
Враќање на моторно возило | x | x | во согласност со член 33 од Условите |
Замена на официјални состаноци | x | x | во согласност со член 34 од Условите |
Откажување на патување | x | x | 3.000 мкд |
Правна помош и осигурување на правна заштита | x | x | до 6 000 € |
КАКО ДА ОДБЕРЕТЕ ПАТНИЧКА ПОЛИСА?
Надоместот при штета зависи од вашиот избор на осигурување и покритие. Доколку во полисата одберете или е вклучена и франшиза, тоа значи дека има ваше учество во отштетата.
Наведените примери и резиме на услуги немаат договорен, туку информативен карактер. При склучување на осигурувањето ќе ви бидат доставени Услови за патничко осигурување за вашите права и обврски.
Во зависност од тоа дали ви треба полиса за едно патување, за повеќе патувања за определен период или за патување во група, разгледајте ги опциите и покритијата без франшиза и со попусти за франшиза.
Каков и одмор да посакувате, ништо не може да се спореди со самоорганизирано патување. Дури и оние спокојни...
Дознај повеќе