Незгода

Доколку сте наш осигуреник и од несреќниот случај сте се здобиле со повреда,  должни сте:

  • веднаш да се јавите на лекар, заради преглед и потребна лекарска помош, и да ги следите лекарските препораки и совети;
  • да пријавите во Министерството за внатрешни работи доколку повредата е настаната од физички напад, сообраќајна несреќа или друг начин за кој е потребен записник од надлежен орган;
  • да ја почитувате законската обврска за повреда на работа, доколку повредата е настаната за време на работа;
  • да нѐ информирате писмено, веднаш кога е тоа можно според Вашата здравствена состојба.

Доколку несреќниот случај предизвикал смрт на осигуреникот, Вие како корисник сте должни да нѐ известите кога околностите ќе го дозволат тоа.

 

ЧЕКОРИ ПРИ ПРИЈАВА НА ШТЕТА:

Како да пријавам штета?  

  1. Во случај на повреда или смрт, пополнетe Пријава за штета осигурување на лица од несреќен случај 
  2. Пополнете Изјава за повреда 
  3. Доказ за осигурување: потврда од работа или од училиште целосно пополнети и заверени од правното лице кај кое сте осигурени.
  4. Доколку повредата е настаната од физички напад, покрај пријава под точка 1, пополнете Пријава за штета осигурување лица од несреќен случај незгода од физички напад