EN MK

Општествена одговорност

Вклучувањето на компаниите во градењето на општествена одговорност е многу важно, зашто покажува дека сите заеднички го градиме општеството во кое живееме. И уште поважно е тоа да се прави искрено, од срце и со намера да се помогне.

Кога во 2015 година ја поставивме Програмата 75 проекти за општестевно добро, ветивме дека до следниот јубилеј ќе направиме различни активности кои ќе остават позитивен импакт на заедницата. Програмата поддржува различни по обем проекти од сегменти на детска заштита, заштита на околината, поткрепа и здравје на човекот и сегменти од културата.

Во рамки на политиките на ВИГ (VIG) www.vig.com  компанијата овозможува општествено ангажирана работа како замена за еден работен ден на вработените под мотото SOCIAL ACTIVE DAY.

За особено ангажирање во областа на општествената одговорност од најголемиот акционер на ВИГ -Виенер Штатише Версихеругсвераин (Wiener Städtische Versicherungsverein)  (www.wst-versicherungsverein)  во 2017 година ја добиваме ни беше ддоделена наградата „Гунтер Гејер“Günter Geyer Award    www.insumak.mk/blog за општествена свест, што претставува еден успех важен не само за нас, но пошироко за општеството како целина.

Нашата најголема награда ќе биде всушност ефектот кој ќе го предизвикаме кај другите и доколку поттикнеме за уште поголема одговорност и кај другите компании и кај поединците, зашто и нашата работа како осигурителна компанија е всушност и многу поврзана со одговорноста. Одговорноста кај оние кои се осигуруваат, и одговорноста кај нас да ги поддржиме кога им е најтешко.