По добивањето на нашата награда за општествена одговорност ова лето, не заборавивме да продолжиме со активности кои ќе го зајакнат духот на солидарноста и ќе ја зацврстат свеста за одговорност кај вработените.
Oвој пат тоа го направивме на еден од најголемите празници на нашата земја – 11 октомври, со организирање на добротворна трка „Раздвижи го срцето“.
На трката која се одвиваше по скалите на нашата зграда, натпреварувачите вистински ги раздвижија своите срца и физички и емоционално. Тие се бореја за најдобро време со што можеа да освојат признание за себе и награда за добротворната цел кои сами ја избраа.
Почетниот фонд за наградите го обезбеди Осигурување Македонија, со дополнителен фонд се приклучи Винер лајф, а во трката директно земаа учество и претставници од Стар-ДТ и Тренд МР. Голем дел од наши вработени уште повеќе го збогатија фондот со свои донации што придонесе наградите, а со тоа и добротворниот прилог да бидат стварно од корист на оние кои ги добија.
Паричната награда која ја освоија победниците доброволно ја доделуваат на одредена добротворна организација, институција, личност на која и е потребна помош или кауза. Секој од 23 учесници си имаше свој избор кој беше испечатен на неговиот грб додека трчаше, така што навивачите можеа да навиваат и за каузата која ја сметаат за најблиска до нивните убедувања.
Трката помина во позитивен натпреварувачки дух. Сите се бодреа меѓусебно и духот на солидарноста се мешаше со адреналинот. Во продолжение се добитниците и нивниот избор за кого ќе биде наменет добротворниот прилог од наградата.
Женска трка
- Дијана Симјановска (01:32) – Цедуз , Центар за едукација, Скопје
- Даниела Тодосова – Јевтиќ (01:40) – ИДНИНА, Училиште за лица со попречености, Скопје
- Татјана Димов (02:10) – Организација жени Тафталиџе 2
- Анита Мешкова (02.25) – ПОРАКА, Центар за лица со попречености, Скопје
- Снежана Комненовиќ и Кристина Сипковска (02.28) – ИДНИНА, Училиште за лица со попречености, Скопје
Машка трка
- Глигорчо Алексов (01:07) – СОС Детско село, Скопје
- Велко Димишкоски (01:13) – ПОРАКА, Центар за лица со попречености, Скопје
- Филип Мешков (01:15) – Маца Овчарова, Училиште за лица со попречености Велес
- Васо Димитриоски (01:18) – ОУ.Климент Охридски, посебни паралелки, Прилеп
- Bernd Achatz (01.24) – Цедуз , Центар за едукација, Скопје
Покрај наградените се придружија и останати донатори кои потпомогнаа останати проекти и организации, а други се придружија со свој прилог на веќе наведените.
- Цедуз, Центар за едукација, Скопје – Бранислава Булукова, Винер лајф
- СОС Детско село, Скопје – Марјанчо Ристевски
- Маца Овчарова, Училиште за лица со попречености Велес – Драги Крстевски
- ОУ.Климент Охридски, посебни паралелки, Прилеп – Сашо Јаковоски
- Дом за доенчиња и мали деца, Битола – Даниела Козарова
- Проект Јавни тоалети за инвалидизирани лица – Борис Алексовски (Тренд-МР)
- Дог Хелп Интернационал, Скопје – Александар Петковски
Во наредниот период ќе се доделуваат средствата поединечно, со учество на наградените.
Ветуваме дека ваквите наши потфати ќе ги има сè почесто и се надеваме дека ќе разбудат нова надеж и чувство за одговорност кај што е можно повеќе луѓе. Затоа ја шириме нашата порака до сите, да го раздвижат своето срце и индивидуално да бидат одговорни за подобрувањето на нашето заедничко општество.
Подолу имате дел од атмосферата, а доколку сакате да видите повеќе слики разгледајте го и целиот албум.