Блог

Назад кон Блог 20/06/2017

Да се биде одговорен е забавно – Осигурување Македонија со награда за општествена одговорност

Ајде да бидеме одговорни, забавно е“ е повикот кој го испрати Осигурување Македонија a.д.Скопје-Виена Иншуренс Груп при примањето на наградата „Гунтер Гејер“ за општествена свест доделена од страна на главниот акционер на Виена Иншуренс Груп(VIG) -Виенер Штатише Версихеругсвераин ( Wiener Städtische Versicherungsverein) на 19 јуни во Јавна соба.  „Осигурување МАКЕДОНИЈА а.д Скопје -Виена Иншуренс Груп“, која доби третата награда во конкуренција од околу 50 други компании кои беа поканети да земат учество. Наградената компанија ги повика македонските компании заедно со поединците и невладините организации да ја почувствуваат благодетта на развивањето на чувството на одговорност како двигател кон подобрување на состојбата во сите сфери на општественото живеење.

„ Би сакал да истакнам дека, мене лично, денес ми е навистина задоволство што можам да ја предадам оваа награда.  Како Претседател на Надзорниот одбор, јас многу блиско соработувам со управувачкиот тим на „Осигурување МАКЕДОНИЈА “ и навистина сум горд како оваа компанија успешно работи од самото нејзино зачленување во нашата Групација, а  особено сум горд на вработените, коишто напорно и вредно работат за да се постигне овој успех“, рече г-Габор Лехел, Претседател на Надзорниот одбор на „Осигурување МАКЕДОНИЈА“ при придавањето на наградата на г- Бошко Андов  Претседател на Управен одбор и Генерален менаџер на Осигурување МАКЕДОНИЈА а.д Скопје -Виена Иншуренс Груп“.

„Вклучувањето на компаниите во градењето на општествена одговорност е многу важно, зашто покажува дека сите заеднички го градиме општеството во кое живееме. И уште поважно е тоа да се прави искрено, од срце и со намера да се помогне. Сведоци ни се овие четири организации кои секојдневно ја водат таа борба за освестување за важноста за проблемите и прашањата кои секоја од нив се определила да ги решава на свој начин“ – истакна Снежана Комненовиќ  – координатор за односи со јавност во компанијата.  Четирите организации, кои ги спомнува и меѓу кои еднакво ќе се поделат средствата од наградата во износ на 20 000 евра истите ќе ги искористат за нови проекти од нивната област и тоа:

  •     Здружение за борба против рак БОРКА – „Empower me! Едукација на жени – пациентки оперирани од рак на дојка“
  •     Прва детска амбасада во светот Меѓаши – Зајакнување на детските капацитети за превенција на насилство
  •     Асоцијација за чиста животна средина „Ајде Македонија“ – програма за едукација за отпад од храна
  •     Здружение на граѓани ЛОКОМОТИВА-Центар за нови инцијативи во
    уметноста и културата  за простор КИНО КУЛТУРА – набавка на опрема за осветлување, звучна или друга техничка опрема неопходна за подобрување на уметничките и културни активности во просторот е за подобрување на работните услови и интерната инфраструктура.

 

Секоја од овие организации, кои Осигурување Македонија се определи да ги поддржи со парична помош, опфаќа различен сегмент од општественото живеење, а со тоа се истакнува потребата за одговорност и работа во сите сфери на општеството. Со својот пак петгодишен проект „75 проекти кои ќе остават импакт на заедницата“ за кој и ја освои наградата, Осигурување Македонија покажува дека општествената свест и одговорност е континуиран процес. За таа цел тие низ годината имаат “Денови на социјална активност”  на кои вработените наместо тој ден да го поминат на работа се вклучуваат во некоја општествено корисна активност со што ја покажуваат својата одговорност како граѓани на општеството во целина