Сигурност за најмладите

Biljana|14/05/2020 | Вести | Семејна сигурност | Финансиска писменост |

Драги пријатели, клиенти и партнери.  Покрај нашите постојани заложби да ви овозможиме лесен онлајн пристап до сите наши услуги, оваа година по повод нашата јубилејна 75 годишнина ќе спремиме и други изненадувања за вас.

Прво такво изнанадување е нашата оригинална бесплатна сликовница која преку едноставни стихови ги учи децата како да се однесуваат соочени со различни типови природни непогоди и ризици. Така што тие тука на ведар детски начин ќе се запознаат со поплавите, земјотресите, пожарите, луњите и сообраќајот, а што е уште поважно ќе научат како да се однесуваат во однос на нив.

 

Симнете ја сликовницата и читајте му ја на вашето дете, објаснувајќи му дека и во неочекувани и несакани ситуации има начин како правилно да се однесуваме.

Се разбира сите посакуваме ништо лошо да не се случува и постојано да сме сигурни и безбедни, и токму поради тоа  постоиме ние со нашите услуги за осигурување да ви понудиме безгрижен сон и подготвеност за секаков непредвидлив случај загуба или незгода.