Несигурноста е главен причинител на стрес и ни ја пореметува способноста да ја планираме иднината.
Нормално нашите мозоци прават одлуки за иднината основани на нашето минато искуство. Кога иднината е несигурна или искусуваме нешто ново, ние не можеме да се потпираме на нашите минати искуства за да донесеме информирана одлука.
Без таа алатка ние може да станеме анксиозни во врска со што иднината може да донесе, замислувајќи си различни сценарија и грижеји се за нив.
Нашиот ум сака да планира за иднината користејќи го нашето знаење од минатите искуства и да знае што да очекува од иднината, зашто стравот од непознатото предизвикува нашиот ум да се грижи и да е во очекување на некаква идна закана.
Стравот од непознатото може да предизвика психолошка состојба на стрес. Тој стрес го активира одговорот на „борба или бегство“ и резултира со физички промени како преплавување со хормони или забрзување на срцевата работа. Со тек на време, хроничниот стрес може да има негативно влијние на здравјето, зголемувајќи го ризикот за кардиоваскуларни заболувања и губење на сеќавањето.
Доколку постојано сте свесни и се подготвувате за несигурност и потенцијални лоши настани, така што константно сте во состојба на „борба или бегство“ градите шаблон на хроничен стрес и на тој начин станувате по подложни на страв и анксиозност.
Научниците ја истражуваат „нетолеранцијата на несигурноста“ – односно негативните верувања кои луѓето ги имаат за несигурноста, што
може да доведе до нездрави емоционални или реакции во однесувањето кога несигурноста неизбежно ќе се случи.
Ниска толеранција на несигурност е асоцирана со ментални состојби како депресија, општа анксиозност и опсесивно компулсивно пореметување. Повисока толеранција на несигурност, од друга страна, може да ги намали нивоата на стрес, бидејќи луѓето не се фиксираат на несигурности надвор од нивна контрола.
Начини како да се справиме со несигурноста
Има само одреден број нешта кои може да ги контролираме во животот. Неочекувани настани ќе се случуваат и кога ќе се случат постојат одредени начини како да се подготвиме за нив.
- Гради ја својата толеранција.
Ние секојдневно навигираме низ несигурност, како на пример возењето до работа, иако таму може да не стигнеме безбедно. Сознанието за овие секојдневни несигурности преку кои поминуваме лесно – фокусирање на тоа дека сепак си го продолжуваме животот – може да ја изгради толеранцијата кон многу позначајни несигурности. Ако несигурноста предизвикува анксиозност или депресија, когнитивно бихејвиоралната терапија може исто да помогне да се зголеми толеранцијата и да се намали стресот. - Практикувај свесност.
Во едно истражување од 2008 се дошло до сознание дека невработени луѓе, кои практикуваат свесност го намалиле страдањето и стресот предизвикани од несигурноста. Препорките велат: помини низ сите твои пет сетила, фокусирајќи се на три сензации кои ги искусуваш. На пример, кои се трите нешта што можеш да ги почувствуваш сега? Три нешта што ги слушаш? Кога се грижиш за несигурностите во светот може да си ги прекинеш твоите мисли со ваква рутина. Може да ти помогне да се приземјиш во сегашниот момент и сигурностите кои те опкружуваат. - Следи распоред.
Физиолошките промени од стресот може да предизвикаат промени во твоите навики за спиење и јадење. За да се спротивставиш на тоа, држењето до распоред, кој вклучува заспивање во исто време секој ден, е важно во несигурни времиња. Имањето на рутина ја дава многу потребната смисла на структура и контрола која ни фали во такви ситуации. - Остави ги нештата да бидат и фокусирај се на нештата што можеш да ги контролираш.
Немањето воља да ја доживееме анксиозноста или нетолеранцијата на анксиозност често води до додатно страдање. Тоа е она што го гледаме со луѓето кои постојано „гуглаат“, проверуваат вести или натрупуваат намирници: тоа се обиди за борба со несигурноста на начини кои на крај ја зголемуваат анксиозноста и креираат култури на страв. Наместо тоа, направи чекор наназад, исклучи се и фокусирај се на нештата што можеш да ги контролираш – како твојата работа, времето со семејството и дневната рутина. - Не заборавај да се осигураш.
Чувството на сигурност го подобрува нашето здравје,а несигурноста предизвикува хроничен стрес и анксиозност. Осигурувањето е еден од ретките начин,и кои не заштитуваат од непредвидливите нешта врз кои немаме никаква контрола. Да се биде подготвен дури и за најлошите сценарија кои можат да ни за свртат во главата е посебен вид на благосостојба, за која малкумина се свесни. Нашиот дом, автомобилот, како и нашето здравје се основните нешта чие загарантирано покритие делува за зголемување на нашиот секојдневен мир и простор за фокусирање на убавините на живеењето.