Се известуваат сите осигуреници на Акционерското друштво за осигурување ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп Скопје, со седиште на ул. Железничка број 41, Скопје, ембс 5702470 и едб 4030002461200, дека како резултат на статусни промени на Акционерското друштво за осигурување ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп Скопје, се присоединува кон Акционерското друштво за осигурување и реосигурување МАКЕДОНИЈА Скопје – Виена Иншуренс Груп, па поради наведеното Акционерското друштво за осигурување ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп престанува да постои без ликвидација на ден 27.06.2024 година кога истото се брише од Централниот регистар на Република Северна Македонија.