На 29 јуни во 17:30 часот се одржа настан по повод активности од општествена одговорност во фоајето на управната зграда на Македонија осигурување -Виена Иншуренс Груп каде што свечено беше доделена регионалната награда Гунтер Гејер за општествена свест од ВИГ групацијата за 2022 година.
Оваа награда е поддршка на локалните буџети која што овозможува понатамошно помагање на локални проекти иницирани од небуџетни организации и Македонија Осигурување ВИГ ја добива по втор пат.
Г.Габор Лехел, Регионален менаџер на ВИГ и Претседател на Надзорниот одбор на Македонија осигурување-Виена Иншуренс Груп доделувајќи ја наградата се обрати кон присутните нагласувајќи ја важната работа на Македонија осигурување во подобрување на животите на децата.
„Одговорноста е една од основните вредности на ВИГ и со ова, ние пред се мислиме на нашето високо ниво на општествена одговорност. Тоа е многу позитивен знак дека нашите компании продолжуваат да покажуваат високо ниво на општествена посветеност, дури и во генерално тешки времиња со многу предизвици. Една од овие компании е Македонија Осигурување, која е долгогодишен партнер на добротворната организација „СОС Детско село“, а исто така работи и со организацијата „Проект среќа“.“ – од обраќањето на г. Лехел.
Г. Бошко Андов Претседател на Управен одбор и Генерален менаџер при своето заблагодарување нагласи колку се важни вредностите за одржливост, одговорност и доверба, и како Македонија осигурување се труди да ги вклучи во секој аспект од работењето и делувањето особено преку вклучувањето на вработените во општествено активните денови (Social Active Day),
„Нашите проекти за поддршка и унапредување на општеството се насочени во потпомагање на неколку сфери од живеењето и тоа: поддршка на ранливи групи, екологија и одржливост, спорт и култура. Сметаме дека едно општество може да биде здраво само ако сите заеднички се вклучиме во негово унапредување и делуваме здружно и несебично.“ – нагласи г. Андов.
На настанот беа врачени Признаници за општествена активност за организациите кои Македонија Осигурување ги потпомага во нивните хуманитарни проекти и акции: СОС Детско село, Проект Среќа, Агенда 21, СУГС Јосип Броз Тито.
Целиот настан беше обогатен со соло изведба на виолина и пијано.
Наградата за општествена свест Гунтер Гејер се доделува секоја година за најзабележително општествено активните компании од групацијата на ВИГ. Вкупниот износ на сите награди е 100 000 евра кои ќе се искористат за потпомагање на општествени проекти во иднина и уште повеќе ќе ги мотивираат компаниите да се насочуваат кон оваа значајна вредност. Годинешната почесна награда доделена на Македонија Осигурување е во износ на 10 000 евра.