„Раздвижи го срцето“, 11 Октомври 2023

Biljana|18/10/2023 | Вести | Општествена одговорност |

Добротворната трка „Раздвижи го срцето“, којашто Македонија осигурување -Виена Иншуренс Груп ја одржува по четврти пат симболично на празникот 11 Октомври, помина во прекрасна атмосфера. Трката по скалите на деловната зграда во Скопје до 12 кат ја истрачаа 3 колешки и 14 колеги индивидуално, а 12 колешки тимски трчаа во 4 штафети.

Честитки до Глигор Дубровски кој најбрзо истрача од сите, Елена Атанасовска има најдобро време од женската трка, а колешките од Винер осигурување, Елена Гоцевска,  Кристина Ганзоска,  Моника Милчевска се први во штафетната трка. Честитки и до сите учесници кои несебично покажаа воља и хуманост и се вложија во настанот.

Настанот беше и одлична прилика за дружба меѓу колеги од Македонија осигурување -Виена Иншуренс Груп, Винер осигурување – Виена Иншуренс Груп и колегите од Агенциите за застапување во осигурување Актива осигурување и Тренд -МР. 

Благодарност и до Комисијата и до колегите коишто помагаа во организацијата, како и оние што дојдоа да ги бодрат натпреварувачите. Таг тајминг се грижеше за следење на времето, а докторката Ивона за среќа немаше интервенци.

Најважно од се е да кажеме дека победници се сите на ваков настан, а најголем резултат е поддршката за проектите од изборот на колегите и нашата компанија на кои ќе им бидат доделени финансики средства. Сите добиваат поддршка од основниот фонд на компанијата, а на тој го дополнуваме износот од освоените места. Имаме 9 проекти за поддршка : 1.Сумнал за развој на ромската заедница, 2.Национална платформа против насилство на жените и семејно насилство, 3.СОС Детско село, 4. Донирај компјутер  5. Стрипотерапија 6. Еко Свест 7.Ало Бушавко, Меѓаши, 8. Маца Овчарова 9. Кантрисајт ретрит

Во наредниот период колегите коишто ги бранеа боите на проектите за поддршка ќе имаат можност сами да ги однесат чековите во организирана посета.

 

 

Уште една важна работа е  фондот којшто беше собран од донациите во донаторската кутија којшто ќе го  дополни вкупниот фонд и ќе биде дониран соодветно.

Трка жени индивидуално, освоено место и време поддршка за

1. Елена Атанасовска 1:38,4 Сумнал, Развој на ромската заедница
2. Елена Петреска 2:09,7 Националната мрежа против насилство врз жените
3. Виолета Лузевска Србиновска 2:25,3 Националната мрежа против насилство врз жените

 

Трка жени -штафета, освоено место и време

1. Елена Гоцевска, Кристина Ганзоска,Моника Милчевска 1:24,5 СОС Детско село
2. Кристина Сипковска,Ана Стеефкова, Даниела Јакимовска 1:26,5 Донирај компјутер
3. Милкица Прошева, Дијана Јаневска, Силвана Илиевска 1:28,8 Донирај компјутер
4. Емилија Дуртановска, Александра Јанакиевска, Сенка Климентиќ 1:41,2 СОС Детско село

 

Трка мажи индивидуално, освоено место и време

1. Глигор Дубровски 1:16,8 СТРИПОТЕРАПИЈА
2. Ангел Шојлев 1:17,0 Национална платформа против насилство на жени
3. Глигорчо Алексов 1:21,2 Еко свест
4. Марко Велков 1:22,0 СОС Детско Село
5. Стојан Илиевски 1.23,4 Еко свест
6. Горјан Чаушевски 1.23,9 Кантрисајт ретрит
7. Јордан Божиновски 1.33,2 СОС Детско Село
8. Дејан Ѓорѓиев 1.35,5 Национална платформа против насилство на жени
9. Александар Зиси 1.36,9 Донирај компјутер- Крушево
10. Васо Димитриовски 1.37,2 Еко свест
11. Драги Крстевски 1.44,5 Маца Овчарова, Велес
12. Горјан Шурбаноски 2:32,2 Сумнал, Развој на ромската заедница
13. Марјанчо Ристевски 2:34,9 Ало Бушавко, Меѓаши