QR код кон онлајн услови за осигурување за конкретна полиса и интеграција на онлајн услуги на нашата веб страна – Клиентите точно знаат за условите и нивното осигурување

Biljana|25/06/2023 | Вести |

Дигитализацијата ни овозможува подобрување на транспарентноста. Направивме промени во изгледот на полисите каде преку дигитално решение е подобрено користењето на условите за осигурување. Досега клиентите имаа пристап до Условите, но самите ги селектираа. Сега селектирањето е автоматизирано и клиентите се сигурни и знаат точно што е договорено.

Преку мобилен телефон и таблет со скенирање на QR кодот на полисата секој клиент пристапува до условите за своето осигурување.

Сега на истиот екран се споени алатките за онлајн услови со досегашните онлајн плаќање и отштета -онлајн на www.insumak.mk .

Со унапредувањето нашите осигуреници добиваат можност за следниве услуги дигитално:

· QR кодот содржи линк до Општите и Посебните / Дополнителните услови под кои се склучува конкретната полиса за осигурување;
· Можност за пристап до веб – алатката: Плати онлајн, при што веб – алатката автоматски го генерира бројот на полисата чиј код е скениран, не е потребна претходна најава;
· Можност за пристап до веб – алатката: Отштета -онлајн , каде што се селектира видот на штетата и потребна е претходна најава.
Овозможување поголема ефикасност и практичност во користењето на полисите од страна на осигурениците е наша определба.
Наша мисија е да помогнеме сите кориснисци на нашите услуги да знаат за осигурувањето и да го користат, со мисла: Знам кога сум сигурен/а.