По паузата условена од короната, а за да ги заштитиме сите учесници, повторно дојде тој момент: Околу 400 деца на вработени од 45 компании во нашата осигурителна групација со радост ги очекуваат двете седмици исполнети со забава, игри и активности во Детскиот камп на ВИГ 2023 г. во Австрија!
Децата на вработените во ВИГ од 22 европски земји ќе поминат две седмици во Детскиот камп на ВИГ 2023 во Виена, Св. Михаел во Лунгау и Зеебоден во Корушка. Покрај планинарење, разгледување, експедиции, широка палета на игри и забава со капење, на програмата ќе има и посета на институција за стари лица.
Во 2023 г. Wiener Städtische Versicherungsverein (Виенското друштво за осигурување) по 11-ти пат ги покани во Австрија децата на вработените во ВИГ од централна и источна Европа – вклучувајќи ги тие од Романија, Полска, Албанија Словачка, Македонија и Србија. Трошоците за храна, сместување, пат до и од камповите, како и за целокупната програма се во целост покриени од Wiener Städtische Versicherungsverein (видете на следниот линк: https://www.wst-versicherungsverein.at/en/ )
Детскиот камп на ВИГ на Инстаграм
Дел од сите активности повторно ќе бидат објавите од Детскиот камп на ВИГ на Инстаграм, преку кои на https://www.instagram.com/vigkidscamp/ навремено ќе се известува за малите и големите авантури на децата.
Следете, лајкувајте и коментирајте за #vigkidscamp 2023 на Инстаграм на https://www.instagram.com/vigkidscamp/.