Голем број од македонските граѓани живеат во станбени згради, со тоа се дел од станбена заедница и имаат посебна одговорност за заедничкиот простор. Потребна е заедничка грижа, колаборативност и свест за соживот. Одредени станбени згради имаат засебни фирми, кои го менаџираат заедничкиот простор, но исто има и такви кои имаат свој совет на станари кој се грижи за тој дел.
Живеењето во заедница носи поинакви предизвици и додатни обврски, но и некои скриени моменти за кои ретко кој размислува. Многу често помислуваме на нашите соседи кога случајно ќе пуштиме погласна музика или ќе го чуеме нивното расплакано бебе, но како и во случајот за нашиот дом, ретко ни доаѓа на памет да размислуваме за неочекувани и непредвидени ситуации, кои можат да ни се случат, а да ги вклучат и нив.
Поради тоа во голем дел од светот осигурувањето од одговорност е доста популарно и широко применето. Не само што не можеме да предвидиме што ќе ни се случи, често не можеме ни да предвидиме што може ние ненамерно да направиме, а при тоа да нанесеме штета на некој друг.
Често кога наши граѓани ќе се преселат во друга земја, особено во Европа, споделуваат свои искуства како таму постои осигурување скоро за сѐ, а особено се обрнува внимание за осигурување од одговорност односно да покриеме нешто што нанамерно сме оштетиле на некој друг.
Кај нас исто така го имаме ова осигурување, но сеуште културата не е развиена на тоа ниво за да биде користено од поголем број граѓани. Од друга страна финансиската писменост и образованието за финансиско менаџирање на приватен буџет е на недоволно високо ниво.
Најкористено осигурување од овој вид е „автомобилската одговорност“, што е всушност задолжително осигурување, и иако постојат различни нивоа на осигурување од одговорност, најмногу го користат правните субјекти.
Специфично осигурување од одговорност, кое го нудиме како додаток на осигурувањето на домаќинство е одговорност за трети лица.
Ова осигурување покрива непредвидени ситуации кои можат да ги засегнат вашите соседи а се предизвикани од вашето домаќинтво, како на пример, вашето дете ненамерно го крши прозорот на соседот додека си игра со топка, или вашето куче го гризне гостинот кој го посетил вашиот дом. Вакви несреќи може д аму се случат на секого, но ова осигурување ги покрива вашите непланирани финансиски трошоци.
Осигурувањето од одговорност има намера да го заштити вашиот дом и семејство од два типа на сценарија:
- Ова осигурување покрива ненамерна штета која вие или член од вашето семејство ја предизвика на соседен имот. Пример имате поплава во домот и при тоа нанесувате штета на станот под вас. Истото се однесува доколку ваша настрешница поради ветар падне на терасата на соседот и направи штета и слични полесни или посериозни штети. Ова осигурување е точно предвидено за такви ситуации и ги покрива трошоците нанесени од таа ситуација
- Повреди нанесени на гости и посетители на вашиот дом. Ова покрива штета на имот или повреда предизвикани од вас или член на вашето семејство.
Друг дел од ова осигурување е покривање на медицински трошоци, во случај некој да падне или се повреди посетувајќи го вашиот имот доколку кривицата е на осигуреникот.
Со нашата полиса за осигурување на домаќинство, ако има вклучено одговорност, се покриваат штетите на соседите, кои настанале поради некој настан што се случил во нашиот стан (но не нешто што е намерно или поради грубо невнимание).
Многу е препорачливо на полисата за осигурување на домаќинство, кога се работи за стан, да има осигурување од одговорност, но исто така е важно и во куќи кои имаат блиски соседи, се лепенки и слично. Во секој случај без разлика на големината и формата на имотот кој го осигурувате, со ова осигурување сте заштитени од ситуации кога ненамерно може да му наштетите на некој друг.
Несреќите никогаш не може да ги предвидиме, но секогаш постои начин да се заштитиме и бидеме спремни доколку се случат.