Чување на здравиот разум во услови на пандемија

Biljana|15/04/2020 | Семејна сигурност |

Како можеме да останеме со здрав разум (силни, активни, добрососедски и енергични) за време на оваа криза? Со љубов, внимателно планирање и грижа за другите и целосна затвореност.

Можеби крајот на тунелот е далеку, но доколку се однесуваме сериозно, ја задржиме социјалната дистанца, ги миеме рацете често и се грижиме еден за друг, можеме да го запреме ширењето на заразата и побрзо да стигнеме до светлината на крајот. Кoга ќе заврши сево ова на голем број луѓе ќе им биде потребна грижа, кооперативен пристап кон животот и нов вид на економија, базирана помалку на алчност, себичност и уништување на природата и повеќе на економија на љубезност.

 

1. Разбери ја сериозноста на ситуацијата
Погледни ги видеата кои покажуват со каква ситуација се соочија земјите кои не ја сфатија сериозно и навремено ситуацијата со вирусот, како на пример Италија, Шпанија, Велика Британија и Соединетите држави. Затвореноста и карантинот се единствените начини да се намали шансата да се случи тоа и овде. Информирај се добро и тоа од релевантни извори. На пример статистиките за ширење на заразата во светот следи ги на worldometer, а сите информации вести и препораки за нашата земја на страната на министерството за здравство.

 

2. Внимавај на основните работи
Замисли си дека ти всушност си позитивен на вирусот и промени го твоето однесување така што не би го пренел/а на твоите пријатели, роднини или соседи. Ова значи сериозно миење на раце, социјално дистанцирање, дезинфицирање на површини, кваки на врати и сл. Прекинување со забави – барем не во групи поголеми од 5 луѓе. Гледај примери како тоа се прави на вистински начин, како во примеров со овој кардио хирург. Прашувај се, учи и следи упатства, што функционира а што не?

 

 

3. Практикувај благодарност

На пример кај нас досега заразата се движи далеку поспоро од вообичаеното. Воопшто немаме експоненцијално зголемување на заразените и нашите епидемиолози даваат сѐ од себе да ја држат заразата под контрола. Потоа може да бидеме благодарни на сите работници кои се трудат да нѐ заштитат: на здравствените работници, чистачите на улиците, продавачите во маркетите, транспортерите на намирници, доставувачите, како и сите оние кои кои се обидуваат да ја изменаџираат целата оваа ситуација.

 

4. Обиди се да не бидеш негативен/на
Доколку себичното џуџе на негативноста, критицизмот и осудата најде место во твоето срце испрати го надвор. Доколку продолжи да се враќа, запрашај се што бара? Внимание? Љубов? Многумина од нас имаат во себе пакосник- но не му дозволувај да ги стави животите на другите луѓе во ризик. Многумина од нас исто имаат и внатрешен критичар, кој сака да го саботира мирното себе-прифаќање. Нашите внатрешни пакосници и внатрешни критичари најчесто потекнуваат од нерешени искуства во детството. Тие нѐ збунуваат така што не знаеме кои се всушност нашите внатрешни чувства. Понекогаш нашите мисли ги предизвикуваат нашите емоции, и тогаш треба да се прашаме себеси: „Дали доживувам рационално ниво на страв, анксиозност или осаменост, или ги зголемувам овие чувства со начинот на кој размислувам?“ Доколку имаш пријател/ка кој/а е сочувствителен слушач, поразговарајте за твоите негативни мисли и процесирај ги своите емоции.

 

5. Држи ја анксиозноста во перспектива
Разбирливо е зашто има многу за што може да се биде анксиозен. Тоа е нормален еволутивен одговор на опасност или закана. Но не дозволувај да го поплави твоето битивствување, со тоа што ќе го запре твоето рационално размислување и преземањето на практични чекори.
За да помогнеме со ова секојдневно ќе споделуваме совети кои ќе ти помогнат да го одржиш живеењето во нормала во оваа ненормална ситуација и да ја намалиш анксиозноста предизвикана од тоа.