6 СОВЕТИ ЗА ПРИПРЕМА ВО СЛУЧАЈ НА КАТАСТОФА

admin|18/10/2017 | Автомобили | Семејна сигурност |

Кај милјардерите во силиконската долина има еден нов тренд, а тоа е да си спремат скривалишта во случај на апокалипса. Да, знаеме сите, тие не живеат во ист свет со нас и можеби не знаат како да си ги трошат парите, но нивната хоби до некаде има смисла.

Глобалните промени предизвикуваат сè повеќе катастрофални временски услови и ураганите, пожарите и полавите станаа секојдневие на интернационалните „њуз“ портали.

Кај нас нема урагани и торнада, но има луњи, поплави, пожари и земјотреси. Се разбира не можеме да ги предвидиме, а да градиме скривалишта под земја е малку претерано, но постојат работи кои може да ги направиме за да бидеме поспремни за што и да нè чека утре.

Ова се 6 совети како вие и вашето семејство да бидете побезбедни во случај на природна катастрофа.

Имајте план каде треба да одите

Во случај да треба да се евакуирате, имајте листа на потенцијални места каде што може да се отидете во случај на природна катастофа, надвор од зоната на катастрофата. Контактирајте ги локалните кризни штабови или агенции доколку ви е потребна помош.

Спремете си пакетче за во случај на катастрофа

Нека содржи: батериска ламба, батерии, кеш, куферче за брза помош, медикаменти и копии од важни документи. Ако го имате овој пакет, можете да го земете и да заминете не грижејќи сте за тоа што сте оставиле. Доколку имате милениче, не заборавајте храна за него.

Имајте резервен план

Доколку не сте приморани да се евакуирате и сте одлучиле да останете дома, секогаш чувајте доволна количина резервни намирници и потребштини во случај да останете без струја и вода неколку денови. Вообичаено треба да имате вода, мобилен генератор на струја, извор на топлина и радио на батерии или соларна енергија.

Направете семеен комуникациски план

На тој начин секој од вашиот круг ќе одржува врска со останатите во случај на катастрофа. Може да си формирате групен чет на некоја апликација како Viber или skype, а може да си набавите и неколку воки токиа во случај да не работи мобилната мрежа.

Наполнете ги вашите електронски апарати (телефони, таблети, лаптопи)

Во случај на катастрофа може да нема струја подолго време, затоа бидете подготвени. Телефонот користете го помалку и не ја оптеретувајте батеријата за да може да трае колку што е можно подолго.

Избегнувајте вода од поплава

Доколку реонот кај што се наоѓате е поплавен, избегнувајте да одите или возите низ водата од поплавата. Само 15 сантиметри вода која се движи може да ве преврти или може да е наелектризирани од турнати бандери или може да содржи опасен отпад кој може да ве повреди. Доколку домот ви е поплавен не се кријте на таванот, но качете се на покривот за да може спасувачите да ве најдат.

Најдобар начин да се припремиш за катастофа е да бидеш подготвен и информиран. Затоа се надеваме дека овие совети ќе ви помогнат да бидете дел од оние спремните, па дури и никогаш да нема потреба за такво нешто.

И се разбира не заборавајте да се осигурате, зашто сепак нема подобра припрема од тоа.