КАКО ДА ГО ЗАШТИТИТЕ ВАШИОТ ДОМ КОГА НЕ СТЕ ДОМА?

admin|31/10/2017 | Дом | Семејна сигурност |

Време е на одмори и на многумина од нас ни се случува да го оставиме нашиот дом празен.
Во прилог неколку совети, кои ќе ви овозможат да направите да изгледа како да сте сеуште дома и при тоа ќе ги измамите провалниците.

  • Користете тајмери за светло за да симулирате присутност
  • Оставете ги ролетните и пердињата во нормални позиции.
  • Осветлувајте го влезот или дворот со временски контролер.
  • Заклучете ги сите надворешни врати со дебели цилиндри. А доколку сакате поголема безбедност сменете ги бравите со оние најиздржливите.
  • Побарајте од блиски соседи да го надгледуваат вашиот имот кога сте отсутни, а за возврат правете го и вие тоа за нив.
  • Проверете дали сите улични светла функционираат. Доколку не, известете ја општината. Провалниците не се чести посетители на добро осветлени реони.
  • Побарајте од соседот да ја собира вашата пошта додека сте на одмор.
  • Никогаш не раскажувајте дека ќе бидете отсутни, особено не на социјални медиуми како Фејсбук и Твитер.
  • Инвестирајте во добар алармен систем

И никогаш не заборавајте да се осигурате.