Претходната недела бевме доста општествено активни. Со СУГС Гимназија „Јосип Броз-
Тито“ ја продолживме активноста „Селектирај, Рециклирај, Реупотреби!“ отпочната во
мај, 2022 год. во рамките на проектот „Нашиот живот во наши раце“. Овој пат ни се
приклучија и членовите на Здружението за култура и уметност КОЛЕКТИВ ВЕТЕРНИЦА.
Ова беше прекрасно искуство за нашите вработени кои со голем ентузијазам се вклучија во
активностите кои се реализираа во рамките на #ErasmusDays.
Се одржаа две работилници на кои учесниците работеа на темата „Креирај нешто од
ништо“ во синергија со теми од екологија, финансиска едукација за осигурување како сегмент
од сите гранки на индустријата, како и учење на корисни вештини. Конкретно за оваа акција
започнавме со собирање на стари материјали, пред сe текстил, во нашата компанија од
страна на вработените, како и од страна на училиштето. Со следниот чекор донесовме за тие
два дена машини за шиење, хефталици, силиконски пиштоли, ножици, сито, лепаци, но и
додатни материјали како сунѓер, стари гуми, конец, бои, силикон.
Нашите вработени заедно со учениците, шиеја, кроеја, боеја, лепеа и креираа. Учениците од
СУГС Гимназија „Јосип Броз-Тито“ се стекнаа со нови вештини и знаења за реупотреба на
стар текстил при изработка на нови производи. Креирањето на старо од ново ги направи
сите неизмерно задоволни. Учениците од СУГС Гимназија „Јосип Броз-Тито“ кои научија нови
вештини и со свои раце произведоа нешто убаво за себе и своето училиште, професорите кои
ги водеа и помагаа сите заеднички да научат нешто повеќе за одржливо живеење, како и
нашите вработени кои беа вклучени во една ваква акција како доброволци потпомагачи,
учесници и ментори на крајот од ова дводневно дружење заминаа горди на она што го
создадоа.
Во два дена успеавме заеднички да изработиме табуретки, перничиња и торби од
рециклиран текстил, а учениците научија како можат да го прават истото и сами.
На 14 октомври учениците учесници во Еразмус+ проектот „Нашиот живот во наши раце“
ги претставија изработените еколошки производи за хигиена направени во домашни
услови и преку креираните видеа на тема: „Креирај нешто од ништо“ го демонстрираа
процесот на нивна изработка.
Со ова завршивме уште еден Social active day како дел од проектот „Селектирај, рециклирај,
реупотреби“ и се надеваме дека ќе поттикнеме уште повеќе вакви проекти и акции во иднина.