Почитувани пријатели со голема радост ве известуваме дека од сега вашите сметки ќе можете да ги плаќате online. Нашата нова веб апликација за онлајн плаќање работи брзо сигурно и без потреба за најава.
Прочитајте го упатството подолу.
Упатство за Плати полиса онлајн
Осигурување Македонија а.д Скопје – Виена Иншуренс Груп ви ја нуди услугата Плати полиса онлајн со која преку веб страницата www.insumak.mk се овозможува електронско плаќање фактури по полиси со платежни картички. Ваквиот начин на плаќање кој е безбеден и достапен 24/7, ви ги редуцира трошоците, заштедувајќи ви време.
Со кои платежни картички може електронски да се плаќа?
Електронското плаќање сметки е овозможено преку Комерцијална Банка АД Скопје, со сите картички од брендот на MasterCard и VISA .
Сигурност/безбедност на електронското плаќање
Плаќањето се извршува по електронски пат, во реално време на настанување на трансакцијата. За сигурноста на направените трансакции од страна на претплатниците гарантира Casys. Заштитата и сигурноста на вашите лични податоци се една од приоритетните задачи на Осигурување Македонија. Електронското плаќање со платежни картички се врши со податоци кои поради безбедност при комуникацијата преку интернет се шифрираат со користење посебен SSL (Secure Socket Layer) протокол. При вашата посета на веб страницата не вршиме прибирање на лични податоци, освен за оние информации за коишто тие се задолжителни или, пак, доброволно ги давате. Личните податоци собрани за време на вашата посета на веб страницата се обработуваат согласно позитивните прописи на Р. Северна Македонија. Притоа, податоците поврзани со вашата картичка или со вашата сметка во банка се праќаат директно до банката преку шифрирана врска. Осигурување Македонија ниту ги собира, ниту има пристап до информациите поврзани со вашата картичка или со вашата сметка во банка.
Како електронски да платите полиса?
Услугата Плати полиса онлајн претставува електронско плаќање на полисите за корисниците на Осигурување Македонија.
Плаќањето се реализира во шест чекори.
Чекор 1
Трансакцијата започнува на веб страницата на Осигурување Македонија на Плати онлајн полиса порталот, каде што се внесува Бројот на полиса.
Чекор 2
Избери фактура добивате листа со броеви на фактури за плаќање со податоци за број, износ и датум на доспевање. Услугата овозможува едновремено плаќање на повеќе фактури.
За секоја фактура во редот од десната страна има празно поле кое треба да го чекирате за фактурата која сакате да ја платите.
Доколку одберете повеќе од една фактура, износот во денари ќе биде сумиран и при понатамошните постапки ќе биде платен со Вашата платежна картичка.
Чекор 3
За да продолжите со плаќањето и добиете потврда за уплатата, задолжително е да внесете Податоци за контакт, односно да ја внесете Вашата е-маил адреса и да притиснете на копчето Потврди.
Чекор 4
Добивате приказ на одбраните фактури за плаќање, со сумиран износ.
Ако е во ред одите на чекор 5 Плати полиса онлајн, или може да се вратите назад и да направите корекција на изборот на фактурите за плаќање и повторно со потврди да стигнете до чекор 5.
Чекор 5
Со изборот на Плати полиса онлајн пренасочени сте на страницата овозможена од CaSys , каде што ќе го извршите плаќањето. На оваа странa ги оставате Вашите лични податоци и податоците за платежната картичка:
- Име и презиме (како корисник на платежната картичка)
- Тип на картичка: VISA, MasterCard, Maestro или домашна картичка
- Бројот на картичката, Последните 3 цифри од задната страна на картичката, односно CVV2/CVV кодот потребен за верификација
- Датумот на истекување на платежната картичка,
- износот за плаќање се повлекува автоматски од чекор 4 (приказ на селектирани фактури за плаќање, со сумиран износ)
По внесот на податоците се оди на Потврди.
Следно е уште еден приказ на податоците за плаќање и уште една Потврда, по што следи процесирање на плаќањето.
Додека сте пренасочени на веб страницата на CaSys, „Осигурување Македонија” нема увид во податоците што ги внесувате.
Чекор 6
По извршување на плаќањето, повторно сте пренасочени на веб страницата на Осигурување Македонија, кадешто Ве информираме за успешноста на трансакцијата. На Вашата е-адреса ќе добиете потврда за трансакцијата.
*Напомена: Доколку сакате да платите фактури по друга полиса Ве молиме да го повторите процесот од почеток со внесување на бројот на полисата по која сакате да извршите уплата.