Плакета од СОС детско село за Осигурување Македонија-ВИГ

Biljana|25/12/2019 | Вести |

На 20.12.2019 нашата компанија беше почестена да биде наградена како дел од семејството на СОС детско село. Имено, на специјален настан посветен на најголемите нивни донори и одржан под покровителство на првата дама на Р.С Македонија Елизабета Ѓоргиевска, Осигурување Македонија Виена Иншуренс Груп доби плакета како признание за нашите досегашни донаторски проекти. Плакетата во име на Управниот Одбор на компанијата ја прими г-ѓа Весна Ѓорчева.

Нашата непрекината соработка започна пред 3 години со донации од трката „Раздвижи го срцето“ и премина во традиција и во наредните наши добротворни трки. Претходната година имавме и заедничка кампања „Топол дом за сите“, каде што преку полисата за осигурување на домаќинство дониравме средства за реновирање наre една куќа во детското село. Оваа година повторно jа продолживме соработката преку специјален социјално активен ден каде што преку игра ги учевме децата за ризиците и како да се заштитат во случај на пожар, поплава или земјотрес.

Токму поради ова, СОС детско село не почести со овој убав настан наречен „Едно семејство“ заедно со сите други големи и постојани донатори. Датумот на настанот беше посебно одбран на Меѓународниот ден на човековата солидарност за уште повеќе да се нагласи важноста на добротворната работа, солидарноста, општествената одговорност и сите активности поврзани со подавање рака и помагање на другиот. Додека пак името на настанот му даде една посебна аура и поврзаност на сите присутни донатори, зашто недвосмислено ги стави во едно семејство со децата на СОС детско село.

Токму со тие зборови го започна и обраќањето првата дама: Сите ние сме едно семејство и секој член на нашето семејство заслужува да биде исполнет со радост и среќа“. Таа се нагласи дека на секое дете му е потребен топол дом и дека таа како покровител на настаност се чувствува посебно благодарна на сите донатори кои несебично им помагале на овие деца.

Претседателката на Управниот одбор на СОС Детско село г-а Славица Спироска, ги поздрави присутните и со инспиративен говор како идејата за детско село поттикната од солидарноста кон децата без дом после втората светска војна се проширила во една глобална мисија: „секое дете да има топол дом и ниту едно дете да не расте само!“ Потоа таа им се заблагодари на донаторите, првенствено од бизнис заедницата, нагласувајќи дека тие помагаат и ја движат нивната мисија.

На настанот беше присутен и австрискиот амбасадор на Република Северна Македонија, Геор Вуцас, кој истакна дека на ранливите луѓе им е потребна помош, а тоа особено важи за децата. Тоа го поткрепи со статистиката дека денес на глобално ниво се проценува дека околу 220 милиони деца растат без соодветна грижа од родители.
Нашата компанија и понатаму ќе се вклучува во вакви донации и активности, зашто оптествената одговорност е дел од нашата суштина, тргнувајќи дека и самото осигурување како услуга се темели врз меѓусебната поткрепа и заедничката поддршка на сите кои се вклучени.