По трет пат и оваа година во октомври ја одржавме нашата трка „Раздвижи го срцето“. Со искачување по скалите на нашата впечатлива и висока зграда – го раздвиживме срцато за здравје, а со доделување на сумите од нашите награди на оние на кои најмногу им требаат – го раздвиживме нашето хумано срце.
Покрај овие два значајни аспекти на овој настан, ова беше одлична прилика за дружба и поврзување на нашите вработени.
Осум институции ќе добијат чекови од фондот на трката од компанијата дополнeт и со донациите од вработените: НВО Љубезност, Центар Мајка Тереза –Гевгелија, Дневен центар Ѕуница-Прилеп, ПОС Маца Овчарова –Велес, НВО Банка за храна, НВО Аутизам АА МК, НВО Баланс МК, ООУ. Д. Х. Димов –спортско катче.
Победници на овогодинешната трка беа сите учесници. Жените трчаа во парови, додека мажите самостојно. Следуваaт листи на учесници според времињата кои ги постигнаа.
Женска трка:
- Јасминка Илиева и Гордана Миноска
- Даниела Јакимовска и Татјана Димов
- Билјана Николовска – Митева и Маргарета Поповска Гошева
- Силвана Серафимова и Јулијана Тодосиева
- Анита Мешкова и Слаѓана Георгиевска
Машка трка:
- Ангел Шојлев
- Глигорчо Алексов
- Мартин Андов
- Сашо Стерјовски
- Васо Димитриоски
- Филип Мешков
- Глигор Дубровски
- Александар Зиси
- Борис Алексовски
- Саше Јаковоски
- Драги Крстевски
- Марјанчо Ристески