КАКО НЕЗГОДАТА ДОБИ СОСЕМ НОВО ЗНАЧЕЊЕ ЗА СРЕДНОШКОЛЦИТЕ?

admin|27/03/2019 | Корпоративно |

Пред точно една недела на 20.03.2019 учениците од СЕПУГС „Васил Антевски Дрен“, Скопје ги посетија нашите канцеларии посетувајќи еден необичен час.

Поттикнати од Агенцијата за супервизија на осигурување, во рамки на процесот на финансиска едукација на младите, нашата компанија одржа едукација за осигурување од последици на несреќен случај (незгода).

Нашите колешки Анета Крстиќ – менаџер на ликвидација на штети и Даниела Козарова – менаџер за преземање ризици, на учениците од четврта година им ги презентираа производите и кои ризици ги опфаќаат тие. Презентацијата се состоеше од објаснување за тоа што значи осигурувањето од незгода, како изгледа полисата и кои се нејзините елементи, како се пријавува шетата и на кој начин можат самите тоа да го изведат.

Младите во Македонија многу малку се запознаени со оваа област и од голема важност е токму кај нив да се поттикне љубопитноста и да се развие интересот за градење на позрело општество, кое посериозно и позрело ќе пристапува кон одговорноста кон себе и околината. На овој начин се развива и постабилен пристап кон градење на личен план за иднината и размислување за последиците од одлуките и акциите кои ги преземаме денес.

Од АСО искажаа голема благодарност за поддршката на нашата компанија за успешната реализација на проектите на АСО во доменот на финансиската едукација.