Хакови и финти кои ќе ти го олеснат селењето

admin|15/02/2018 | Совети | Дом |

Селењето знае да биде стресно и напорно искуство дури и кога се работи за одење на поубаво место за живеење. Правење планови, пакување, класифицирање, отпакување, чистење, планирање, преместување…

Но знаеш дека нема да си првиот човек кој се селел, многу луѓе го направиле тоа бар еднаш во животот, а некои и по повеќе пати. Некои од тие вторите со стекнување на искуство научиле и некои „финти“, кои им помогнале да се поорганизирани и да си го намалат стресот. Па ние успеавме да собереме и направиме листа од овие совети и хакови кои селењето ќе ви го направат лесно како песна.

Прочитај го првиот дел совети за оваа недела и кажи ни дали нешто од ова веќе си пробал или сподели со нас некоја твоја „финта“.

  1. На надворешниот дел од кутиите запишувај ја содржината, како и собата на која и припаѓа.
  2. Инвестирај во сигурна кутија со брава, каде што ќе можеш да ги ставиш повредните предмети како накит и важни документи. Чувај ја со себе или тргни ја на страна за време на селењето.
  3. Спреми си торба или кутија со најпотребни работи за денот на селење, која лесно ќе може да ја идентификуваш. Може тоа да биде и платична провидна кеса. Тука ќе се неоѓаат оние најпотребни работи кои ги користиш секојдневно и за не можеш да си дозволиш да ги изгубиш. Ова е твојата „есенцијална кутија“
  4. Користи облека за завиткување на кршливите предмети. Ове ќе ти заштеди и на простор.
  5. Кога ги пакуваш кутиите користи различна боја за обележување на кутиите кои припаѓаат на различни соби. На пример. Црна за спалната, зелена за дневната, розева за кујната. Може тоа да бидат обоени селотејпи или само мали ливчиња за пораки.
  6. Исчисти го новото живеалиште пред да почнеш со селењето. Откако ќе го завршиш процесот на селење, најмалку што ќе ти се прави е да чистиш.
  7. Изнајми сервис за преселби. Иако можеби ќе заштедиш ако ти помогнат пријателите, не би сакал ти да бидеш оној кој ќе направи штета. Само плати си ја сметката и пресели сè наеднаш.
  8. Направи фотографии од поврзувањето на каблите на електронските апарати, за да можеш полесно повторно да ги поврзиш на новата локација.
  9. Биди спремен и подготвен на денот на преселбата. Не оставај ништо во последна минута кога луѓето ќе се појават.
  10. Пакувањето на приборот за јадење знае да е права мака, но користењето на провидна фолија многу ја олеснува работата. Само завиткај го со фолија заедно со кутијата во која стои во фиока.
  11. Стави ги чиниите вертикално во кутиите за да бидат посигурни. Во секој случај потребно е и лесен материјал за избегнување на гребнатинки помеѓу, но кога се поставени вертикално многу потешко ќе се скршат. Друга идеја е да се користи стиропор помеѓу хоризонтално поставените чинии.
  12. Побарај помош од родителите или пријатели да се погрижат за децата или миленичињата на денот на селењето. Тие воопшто не се добра состојка со која би сакал да го зачиниш селењето.
  13. Контактирај добротворни организации пред денот на селење и побарај од нив да подигнат се што не ти е потребно, а може на некој да му се најде. На овој начин ем ќе си ја олесниш работата ем ќе стоплиш нечие срце.
  14. Имај си спремена храна и пиење за оние кои ќе ти помогнат во селењето, во случај да користиш пријатели и роднини. Сити луѓе многу подобро помагаат 🙂
  15. Врзувај ги сите кабли од еден електронски апарат заедно, за да може полесно да ги најдеш подоцна. Стави ги во зип-кеси, за да ги раздвоиш во кутијата со кабли. Не заборавај да запишеш кој кабел на што припаѓа.

…продолжува во следниот пост