Менаџирањето со финансиите е многу важна вештина која секој возрасен човек треба да ја знае, затоа е уште поважно да се научи што порано во животот. Поради тоа сакаме да споделиме некои совети кои се корисни за младите кои сеуште не се вешти во ова.
1. Направи си буџет
Ова е најважниот дел при започнувањето да се штеди- направи си буџет и држи се до него.
Ова не значи дека нема повеќе да имаш забава во твојот живот. Распределбата на буџетот ќе ти помогне да следиш каде ти одат парите секој месец, па ќе можеш да ги алоцираш твоите фондови во сметки, забава и заштеда.
2. Започни со штедење рано
Кога не заработуваш многу, штедењето може да изгледа како голем предизвик, но оставањето на страна по некој денар неделно може сепак да помогне на подолги стази. Може да планираш буџет, за да си одредиш колку пари ќе можеш, да си заштедуваш секој месец.
3. Тргај на страна 1/3 од платата.
Како млада особа може сеуште не знаеш како да започнеш да штедиш, но не мора да е тешко. Многу луѓе го користат правилото една третина, каде што заштедуваат еден денар од секои три од својата плата.
Ова може да те заштити од финансиски потешкотии во иднина како што се: домашни поправки, откази, неочекувани трошоци.
4. Користи го правилото 50/30/20
Ова е исто едноставно правило. Според овој метод одделуваш 40% од твојата плата за нешта кои ти се потребни, 30% за нешта кои ги сакаш, и 20% одат во заштеда.
Ова правило е попопуларно од една третина правилото, но остава помалку пари во заштеда, така што имај го ова во предвид.
5. Направи си фонд за итни случаеви
Добар начин да се поддржиш себеси во време на потешкотии е да имаш фонд за итни случаеви од кој можеш да повлечеш пари кога ќе ти се потребни.
Некои експерти препорачуваат овие средства да ги ставите во некаков депозит или штедна книшка.
6.Секогаш плаќај ги долговите
Додека супер е да си ги ставиш парите на штедна сметка, исто така е важно да си ги плаќаш твоите долгови. Доколку имаш некои долгови поврзани со образование или кредитни картички ќе мора да скратиш на штедењето и пред сè да си ги исплатиш овие долгови и да ги намалиш каматите.
7. Раздели ги твоите потреби од твоите желби
Многу млади луѓе откако ќе почнат да заработуваат ја прават грешката да си купат автомобил или слични големи влогови. Но ваквите трошења не се само поврзани со тоа колку можете да заработите во месецот, но и колку сте способни да исплаќате долгови.
За да избегнеш акумулирање на долгови научи да живееш според она што може да си го дозволиш и да разбереш како функционира одложеното задоволство – многу е поефтино да заштедиш и да си го купиш тоа што го сакаш во целост, отколку да користиш кредити и позајмувања за секое купување.
8. Научиш да инвестираш во себе
Како млад човек имаш голема предност – имаш повеќе време за да направиш добри инвестиции кои ќе ти се исплатат. Постојат голем број нешта кои може да ги направиш за да инвестираш во себе како што се:
- Учење нови хобиа
- Зголемување на твоето знаење
- Да се одржуваш во форма и здравје
Како што учиш повеќе за различните аспекти на личните финансии ќе откриеш различни чекори кои може да ги преземеш за долгорочен успех.
9. Практикувај самоконтрола
Можеби си личност која била доволно среќа да има родители кои те научиле на самоконтрола, но доколку не, колку побрзо научиш за тоа, подобро. Размисли, додека можеш едноставно да ја поминеш картичката за да си купиш нешто во моментот кога ќе го посакаш, дали сакаш да плаќаш камата на кутија цереалии или пар убави чевли?
Ако практикуваш самоконтрола и престанеш да ја користиш кредитната картичка за секое нешто што ќе го посакаш, нема да плаѓаш за сè тоа после 10 години во иднина.
10. Научи за даноците
Пред да ја добиеш твојата прва плата важно е да знаеш како функционираат даноците. Уште кога ќе ја добиеш понудата за плата пресметај колкав дел оди на даноци и со тоа научи ја разликата помеѓу бруто и нето плата.
11. Штити си го здравјето
Може да си ја намалиш веројатноста за трошење големи суми пари на болнички сметки и лекови доколку се осигураш твоето здравје да остане во топ форма.
Ова значи јадење на добро избалансирана и нутритивна исхрана, регуларно вежбање, редовни прегледи и набљудување на одредени состојби доколку веќе ги имаш.
12. Научи ги основите на банкарските сметки
За жал голем број млади луѓе отвараат сметки во банка без да знаат и разбираат многу за нив. Додека може никогаш да не ти треба да напишеш чек или да направиш некаква нарачка на пари, сепак мораш да ги знаеш основите како:
- Пречекорување на салдо и камати кои одат со тоа
- Потребен минимум за одржување на сметка
- Провизии за плаќања
- Како да стигнеш до твоите сметковни информации
13. Внимавај на кредитоспособноста
Сега е вистинско време да почнеш да си го градиш твојот кредит. За жал многу е лесно да се направат грешки и да се влезе во долг на кредитни картички што би те однело на погрешен финансиски пат.
За да го превенираш тоа, гледај секогаш да ги плаќаш сметките на време, никогаш не си го достигнувај максимумот на кредитната картичка, ако не можеш да го избегнеш, и секогаш користи ја кредитната картичка за купувања кои можеш брзо да ги исплатиш.
14. Ништо не е загарантирано
Додека ова е една од посуровите реалности во животот е многу важна лекција: само зашто имаш работа денес, не значи дека ќе имаш утре.
Истото важи и за најдобриот пријател со кого започна да живееш – тие може да не си го исплаќаат секогаш делот од киријата и тоа е нешто за што треба да си подготвен.
15. Постави си јасни цели
Листа на твоите испишани цели може да ти помогне да сфатиш како да ги достигнеш и да си изградиш јасна дестинација кон која треба да работиш.
За да се осигураш дека можеш да ги следиш може да си ги поставиш некаде кај што можеш секогаш да ги гледаш. Исто добро е да си користиш календар на телефонот за да си поставиш потсетници и да ги разгледуваш плановите кога е потребно.
16. Користи посебна сметка за штедење
Ова е многу добра стратегија за да се осигураш дека нема да ги трошиш парите кои се наменети за долгорочно штедење. Затоа имај две сметки за трошоци и за штедење.
Ако си личност која лесно се заборава, може да си наместиш траен налог за префрлање на средства веднаш што ќе ти стигне платата.
17. Намали со трошоците кај што можеш
Да се усоврши оваа вештина значи да се намалат редовни трошоци и да ти остануваат повеќе средства за заштеда. Ова може да вклучува:
- Наоѓање на најевтини места за набавка на намирници
- Користење на купони
- Користење кеш бек од картички
- Може да си најдеш и апликации кои ти овозможуваат попусти за храна, намирници и ствари за дома.
18. Имај повеќе извори на средства
Додека е доста важно да пазиш на трошоците, многу експерти ќе препорачаат дека треба повеќе да се насочиш кон приходите. Поради тоа што постои ограничување на тоа колку можеш да скратиш на трошоците, подобрување на ситуацијата со средствата кои ги заработуваш има повеќе потенцијал да го подобри твоето финансиско стојалиште.
За да си го зголемиш приходот може твојата стална работа да ја надополниш со дополнителни фриленс проекти. Доколку имаш вештини во други области или имаш хоби и интереси од кои може да заработуваш сега е времето тоа да го искористиш.
19. Преговарај за платата
Доколку не можеш да одржуваш дополнителна работа, друга опција е да си бараш зголемување на платата на твојата моментална работа. Додека ова може да е застрашувачко, постојат нешта кои можеш да ги направиш за да се подготвиш кога планираш да бараш повишување на плата.
Исто така важно е да запомнеш дека најлошото сценарио е да кажат „не“ и да си продолжиш со истото. Во најдобриот случај, доколку кажат „да“, ќе имаш нешто повеќе средства за заштеда.
20. Заштити си го богатството
Не сакаш она што го имаш да го оставиш незаштитено – за да се осигураш дека твоите пари нема да исчезнат за миг, треба да ги преземеш потребните чекори да го заштитиш.
Доколку си под кирија обезбеди си осигурување од сопственикот. Исто така осигурај се од незгода, за во случај да не можеш да одиш на работа подолг период, трошоците да ти бидат покриени.
21. Контролирај си ги финансиите
Кога планираш за иднината, мора да научиш како да си ги менаџираш финансиите – без разлика колку добри намери имаат твоите родители, никој нема да знае повеќе за твоите финансии од тебе. Избегнувај потполно да се потпираш на мислењата и советите на другите и цели кон тоа да преземеш целосна контрола над своите финансиски средства.
Кога ќе направиш сопствено истражување, структурирај си ги финансиите според твоите потреби за никогаш да не чувствуваш притисок за тоа каде треба да ги насочуваш своите средства.
22. Не паѓај на социјалните медиуми
Грандиозниот и луксузен лајфстајл кој што го гледаш на профилите на инфлуенсерите на социјалните медиуми може да ти направи чувство дека си „позади’ во животот – не дозволувај да те измамат. Голем број од овие луѓе изнајмуваат возила, куќи и облека за да прикажат живот со кој и самите не можат да се носат, или тоа што го купуваат им е со пари од фамилијата.
Не ги троши твоите пари за да си во тек со овие нереалистични животи или за да ги импресионираш луѓето кои само се преправаат дека го прават истото. Ова е загарантиран начин да завршиш со огромни долгови.
23. Знај кога да побараш помош
Многу млади прават финансиски грешки. Некои ќе се сретнат со поголеми проблеми од други, но тоа е во ред. Важно е да се разбере дека помошта е секогаш достапна за да те врати на правиот пат. На веб страните на Народна банка http://www.nbrm.mk и Агенција за супервизија на осигурување Home – Агенцијата за супервизија на осигурување (aso.mk) како и на нашата веб страна www.insumak.mk ке најдете корисни совети на тема финансиска писменост.