МАКЕДОНИЈА - осигурување - АД -

Имотно осигурување

Осигурај го својот бизнис во компанија која е потпора на големите индустриски субјекти и нуди голем избор на покритија за мали и средни бизниси

Има различни покритија за згради, нивната содржина и предмети, резерви на суровини, полупроизводи, финални производи и др.

Полисите обезбедуваат надомест за штети од пожар и други опасности, кршење на машини, провална кражба и разбојништво, стакло, компјутери и нисконапонска електронска опрема. Пакетот за продавници и услужни дејности и комерцијалниот пакет опфаќаат секции на покритија и нудат сеопфатна заштита.

Портфолиото ги покрива речиси сите занимања и дејности: индустрија, банкарство, трговија, медицина, водоснабдување, градежништво, транспорт, телекомуникации и други.

Со децении наши клиенти биле најголемите индустриски и економски гиганти, кои ни ги довериле осигурувањето на нивниот комплексен имот и сигурноста на нивните вработени.

Тука сме да појасниме сѐ што ве интересира

Добијте практичен совет од нашите искусни агенти и бесплатна пресметка. За сите детали и разлики во полисите, како и за обемот на покритие, прочитајте во Условите за осигурување или јавете ни се.

Услови за осигурување +389 (02) 3115 188