Како да возиш и да заштедиш гориво?

Biljana|18/07/2022 | Автомобили |

Постои начин како правилно да возиш и при тоа да заштедиш гориво, што во ова време на високи цени на горивата може значително да влијае на буџетот. Овие совети исто така помагаат во зголемување на безбедноста на патиштата и за заштита на возилата од предвремено стареење. Да не заборавиме дека штедењето на гориво значи и намалување на емисиите на стакленички гасови, а овие 5 совети ја намалуваат емисијата на јаглерод диоксид до 25%.

1. Забрзувај пополека

Колку посилно забрзуваш, толку повеќе гориво користиш. Во град може да користиш помалку гориво доколку не стискаш силно на педалата за гас. За да бидеш поефикасен/на труди се забрзувњето до 20 километри на час, од застаната состојба, да трае 5 секунди. Замиси си отворена шоља со кафе ставена на контролната табла и обиди се да не ја истурш.

2. Одржувај стабилна брзина

Кога твојата брзина опаѓа и се крева користиш повеќе гориво, и трошиш повеќе пари од што треба. Тестовите покажале дека варирањето на брзината помеѓу 75 и 85 километри на час на секои 18 секунди го зголемува користењето на гориво за 20%.
Користи темпомат за возење на автопат кога е возможно. Но, земи во предвид дека мали варијации во брзината може да се добри кога гравитацијата е од помош. Таму каде што сообраќајните услови дозволуваат, пушти брзината да се намали кога возиш нагоре и искористи го моментумот кога се симнуваш.

3. Предвидувај го сообраќајот

Гледај пред себе додека возиш за да забележиш што се приближува. Секогаш држи удобна далечина помеѓу твоето возило и она пред тебе. Со внимателно посматрање што прават пешаците и другите автомобили и замислувањето што ќе направат следно, можеш да ја одржиш брзината во стабилна состојба и да потрошиш помалку гориво. Исто така ваквото возење е и посигурно.

4. Избегнувај големи брзини

Држи се до ограничувањето на брзината и заштеди на гориво. Повеќето автомобили, пикапи, комбиња и теренски возила се најефикасни во искористување на гориво кога се движат помеѓу 50 и 80 километри на час. Над оваа брзина возилата користат се повеќе гориво колку побрзо се движат.
На пример на 120 км на час возилото користи 20% повеќе гориво отколку на 100 километри на час. На пат долг 25 километри, оваа потрошувачка ќе ти намали само две минути од времето.

5. Не користи кочници за успорување

Секогаш кога ги користиш кочниците ја губиш забрзувањето. Со внимавањето како се одвива сообраќајот пред тебе, често можеш навремено да заклучиш кога треба да намалиш со брзината. Ќе си зачуваш гориво и ќе заштедиш пари доколку само ја тргнеш ногата од педалата за гас и оставиш автомобилот сам да успори, наместо да користиш кочници.