МАКЕДОНИЈА осигурување АД Скопје – Виена Иншуренс Груп е првата осигурителна компанија во државата со најголемо искуство и експертиза на пазарот на осигурување. Нашите почетоци датираат уште од 1945 година како државен осигурителен завод, а во последните девет години сме дел од австриската групација ВИГ.
Тимот на Душтвото е составен од искусен кадар што го одликуваат силни корпорациски вредности како одговорност, блискост и почитување на различностите, како и постојаното вложување во обуки на кадарот.
ИТ тимот е со долгогодишно искуство и на високо развиено ниво во нашето Друштво, што се потврдува со фактот дека во последните три децении работиме со интерно развиен софтвер што ги покрива сите области на нашето работење. Исто така, ИТ тимот повеќе години успешно работи на развој на апликации и одржување на бази на податоци интернационално.
Новиот член на ИТ тимот ќе ги извршува следните работни задачи:
Вие сте одличен кандидат доколку ги имате следните квалификации и вештини:
Општи правила за пријавување:
Сите заинтересирани кандидати треба да испратат своја биографија (CV) на следната е-адреса: oglasi@insumak.mk
Крајниот рок за пријавување е 15.06.2022 год.
Изборот на кандидат ќе се изврши во период од 30 дена по истекот на рокот за аплицирање.
Со испраќањето на Вашата биографија, согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на Македонија осигурување АД Скопје – Виена Иншуренс Груп и истите да бидат зачувани во базата на податоци на Македонија осигурување АД Скопје – Виена Иншуренс Груп најмалку за времетраењето на изборот на работник.
Сите пристигнати биографии ќе се обработуваат со најголемо внимание и доверливост и нема да се споделуваат со трети страни.
Оглас за вработување на ORACLE DBA Приклучи се на тимот со кој знаеш дека си сигурен МАКЕДОНИЈА oсигурување - Виена Иншуренс Груп вработува Orac...
Дознај повеќеОглас за вработување на ОВЛАСТЕН РЕВИЗОР Приклучи се на тимот со кој знаеш дека си сигурен МАКЕДОНИЈА oсигурување - Виена Иншуренс Груп вработува...
Дознај повеќе