Ова Известување е изработено во согласност со одредбите од позитивните прописи како и интерните акти кои се однесуваат на заштита на личните податоци кои ги обработува Контролорот во рамките на секојдневното работење со цел транспарентно известување на корисниците и соработниците кога станува збор за користење на интернет страницата на Акционерско друштво за осигурување и реосигурување МАКЕДОНИЈА Скопје – Виена Иншуренс Груп (во претходен и понатамошен текст: Контролор).
Ова Известување има за цел да ги информира корисниците на интернет страница на Контролорот за природата, обемот и целта за која се собираат, користат и обработуваат нивните лични податоци, за начинот на кој се штитат личните податоци, како и за нивните права што произлегуваат од позитивните прописи од овласта на правото на приватност.
Ова Известување за обработка на личните податоци при посета или регистрација на интернет страницата на Акционерско друштво за осигурување и реосигурување МАКЕДОНИЈА Скопје – Виена Иншуренс Груп се одобрува од Управниот одбор на Друштвото кога и стапува на сила и во примена. Известувањето ќе биде објавено на интернет страницата на Друштвото.
Ова Известување ќе се ревидира согласно законски измени, измените на актите на ВИГ Групацијата односно доколку тоа го бараат одредени организациски измени кои влијаат на ова Известување. Офицерот за заштита на личните податоци е одговорен да осигури ова Известување секогаш да биде навремено ажурирано.
Нашата визија за заштита на личните податоци
Ви благодариме што покажавте интерес за интернет страницата на Акционерско друштво за осигурување и реосигурување МАКЕДОНИЈА Скопје – Виена Иншуренс Груп.
МАКЕДОНИЈА Осигурување АД Скопје – Виена Иншуренс Груп како Контролор на лични податоци посветува големо внимание за правото на приватност и заштитата на личните податоци, заради што целосно ја заслужуваме Вашата доверба.
Заштитата на личните податоците е наш приоритет, па затоа Ве молиме внимателно да го прочитате Известувањето.
Ве информираме дека можете да ја посетите нашата интернет страница и без да ги откриете Вашите лични податоци, меѓутоа, доколку сакате да купите полиса за осигурување, да платите за купена полиса, да пријавите штета, да добиете информации за нашите услуги и производи или да дадете коментари и сл., неопходно е да ги обработуваме Вашите лични податоци.
Личните податоци на корисниците на интернет страницата на Контролорот се обработуваат во согласност со Законот за заштита на личните податоци и подзаконските акти донесени врз основа на истиот.
Со оваа Известување, Ве информираме за природата, обемот и целта за која ги собираме, користиме и обработуваме Вашите лични податоци, за начинот на кој ги штитиме Вашите лични податоци, како и за Вашите права што произлегуваат од Законот за заштита на личните податоци и подазконските акти донесени врз основа на истиот.
Контролорот применува технички и организациски мерки за да обезбеди целосна заштита на личните податоци кои се обработуваат преку оваа интернет страница. Сепак, имајте предвид дека не може да се гарантира апсолутна заштита кога се обработуваат лични податоци преку Интернет.
Ова Известување ги користи термините нотирани во Законот за заштита на личните податоци (во натамошниот текст: ЗЗЛП). Известувањето треба да биде разбирливо за нашите посетители и корисници. За да бидеме сигурни дека навистина е така, прво ќе ги објасниме поимите што ги користиме.
Ова Известување, меѓу другото, ги користи следниве поими:
Под личен податок се подразбира секоја информација која се однесува на идентификувано физичко лице или физичко лице кое може да се идентификува (субјект на лични податоци), а физичко лице кое може да се идентификува е лице чиј идентитет може да се утврди директно или индиректно, посебно врз основа на идентификатор како што се име и презиме, матичен број на граѓанинот, локација, идентификатор преку интернет, или врз основа на едно или повеќе обележја специфични за неговиот физички, физиолошки, генетски, ментален, економски, културен или социјален идентитет.
Субјект на личните податоци е идентификувано или физичко лице кое може да се идентификува, чии лични податоци ги обработува контролорот одговорен за обработка на личните податоци.
Обработка на личните податоци е секоја операција или збир на операции кои се извршуваат врз личните податоци, или група на лични податоци, автоматски или на друг начин, како што се: собирање, евидентирање, организирање, структурирање, чување, приспособување или промена, повлекување, консултирање, увид, употреба, откривање преку пренесување, објавување или на друг начин правење достапни, усогласување или комбинирање, ограничување, бришење или уништување.
Ограничување за обработката на личните податоци е означување на личните податоци кои се чуваат, a со цел ограничување на нивната обработка во иднина.
Профилирање е секоја форма на автоматска обработка на лични податоци, која се состои од користење на лични податоци за оценување на одредени лични аспекти поврзани со физичкото лице, а особено за анализа или предвидување на аспекти кои се однесуваат на извршување на професионалните обврски на тоа физичко лице, неговата економска состојба, здравје, лични преференции, интереси, доверливост, однесување, локација или движење.
Псевдонимизација е обработка на личните податоци на таков начин што личните податоци не можат повеќе да се поврзат со одреден субјект без да се користат дополнителни информации, под услов таквите дополнителни информации да се чуваат одделно и да подлежат на технички и организациски мерки со кои ќе се обезбеди дека личните податоци не се поврзани со идентификувано физичко лице или физичко лице кое може да се идентификува.
Контролор е физичко или правно лице, орган на државната власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања, агенција или друго тело, кое самостојно или заедно со други ги утврдува целите и начинот на обработка на личните податоци, а кога целите и начинот на обработка на личните податоци се утврдени со закон, со истиот закон се определуваат контролорот или посебните критериуми за негово определување.
Обработувач е физичко или правно лице, орган на државната власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања, агенција или друго тело кое ги обработува личните податоци во име на контролорот.
Корисник е физичко или правно лице, орган на државната власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања, агенција или друго тело на кое му се откриваат личните податоци без разлика дали е тоа трето лице или не. Меѓутоа, органите на државната власт и државните органи на кои им се откриваат личните податоци во рамките на посебна истрага во согласност со закон, не се сметаат за корисници, при што обработката на овие податоци од овие органи мора да биде во согласност со важечките правила за заштита на личните податоци според целите на таа обработка.
Трето лице е секое физичко или правно лице, орган на државната власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања, агенција или друго тело, кое не е субјект, контролор, обработувач или лице, кое под директно овластување на контролорот или обработувачот е овластено да ги обработува податоците.
Согласност на субјектот е секоја слободно дадена, конкретна, информирана и недвосмислена изјава на волја, преку изјава или јасно потврдено дејствие, а со кои се изразува согласност за обработка на неговите лични податоци.
МАКЕДОНИЈА Осигурување АД Скопје – Виена Иншуренс Груп, ул. 11-ти Октомври бр.25, 1000 Скопје, Република Северна Македонија.
Телефон: +389 (02) 3115 188
Електронска адреса: info@insumak.mk
Интернет страница: https://insumak.mk/
Мр. Ивица Медарски CIPP/E, CIPM
Контакт телефон: +389 76 427 406; +389 (0)2 3250 630
Електронска адреса: ivica.medarski@insumak.mk
Секој посетител или корисник на оваа интернет страница, може директно да контактира со нашиот Oфицер за заштита на личните податоци за какви било прашања и предлози во врска со заштитата на личните податоци.
Вашите лични податоци на интернет страница ги собираме и обработуваме врз основа на договор, односно заради склучување на договор, исполнување на права и обврски од договор, како и заради исполнување на обврски предвидени во Законот за супервизија на осигурување и подзаконските акти на Агенцијата за супервизија на осигурување.
Вашите лични податоци на интернет страницата ги собираме и обработуваме за цели за купување на полиса за осигурување, за пријава на штета, за да закажете повик, за да побарате понуда, за да аплицирате на оглас за вработување или за да не контактирате. Вашите лични податоци не се предмет на натамошна обработка за цели различни од првично дефинираните.
Обработката на вашите лични податоци е ограничена само на оние податоци кои се неопходни за да се исполнат целите на обработката. Обемот на личните податоци е соодветен на она што е потребно за исполнување на целите, определени во точка 5 од ова Известување. Доколку се појави потреба за дополнителна обработка на Вашите лични податоци, ќе Ве информираме и ќе побараме Ваша согласност за таа дополнителна обработка.
Спроведуваме разумни мерки за потврдување на точноста, за исправка и/или бришење на неточните лични податоци кои ги обработуваме. Покрај овие мерки, Ви овозможуваме да го остварите Вашето право да побарате исправка, дополнување или бришење на личните податоци на лесен и едноставен начин.
Водиме грижа, Вашите лични податоци да се чуваат во роковите предвидени во точка 15 од ова Известување. По изминувањето на роковите или по исполнување на целта за обработката, Вашите лични податоци се бришат, односно се анонимизраат со што го губат својството на личен податок.
Преземаме соодветни технички и организациски мерки за заштита на личните податоци што се собираат преку оваа интернет страница од неовластен пристап, незаконско откривање и уништување на податоците. Пристапот до личните податоци е ограничен само на лицата кои се посебно овластени за тоа.
Нашата интернет страница собира лични податоци исклучиво од субјектите на лични податоци (корисниците).
Правна основа за обработка на Вашите лични податоци на нашата интернет страница преку формите: „ПАТНИЧКО ОНЛАЈН“, „ПЛАТИ ОНЛАЈН“, „ОТШТЕТА – ОНЛАЈН“, „ИНФО ШТЕТИ“ и
“ПОБАРАЈ ПОВИК“ е договор, односно заради склучување на договор.
Преку формата „ПАТНИЧКО ОНЛАЈН“ ги обработуваме Вашите лични податоци за купување на полиса за патничко осигурување (склучување на договор за осигурување), а преку формата
„ПЛАТИ ОНЛАЈН“ ги обработуваме Вашите лични податоци за плаќање на фактури по издадена Полиса за осигурување.
Преку формата „ОТШТЕТА – ОНЛАЈН“ „ИНФО ШТЕТИ“ и „ ПОБАРАЈ ПОВИК “ ги обработуваме Вашите лични податоци за исполнување на договорна обврска.
Доколку сакате да купите полиса за патничко осигурување, потребно е да ги внесете личните податоци за Вас како договарач и за осигуреникот:
За патничко осигурување
Веднаш под формата „ ПАТНИЧКО ОНЛАЈН “, бараме од Вас да се запознаете со ова Известување и Политика за колачиња на Контролорот.
Доколку сакате да поднесете оштетно побарување, било како осигуреник, оштетено трето лице или договорувач на осигурување, потребно е да ги доставите долунаведените лични податоци во зависност од класата на осигурување на која се однесува оштетното побарување:
Доколку сакате да извршите плаќање на Фактура во однос на издадена Полиса, потребно е да ги внесете Вашите лични податоци:
Доколку сакате да не контактирате преку формата за контакт „ ПОБАРАЈ ПОВИК “ на нашата страница, за да добиете информации за нашите услуги и производи, за да ги напишете Вашите поплаки или коментари и сл., потребно е да ги внесете Вашите лични податоци:
Кога не‘ контактирате преку формата за контакт, Вашите лични податоци автоматски се зачувуваат, за да одговориме на Вашите пораки. Овие лични податоци нема да бидат откриени на трети лица.
Нашата интернет страница користи колачиња. Колачињата се текстуални датотеки зачувани во Вашиот информациски систем преку интернет пребарувачот.
Многу колачиња содржат таканаречен ИД на колачето – единствен идентификатор на колачето, кој се состои од низа карактери преку кои посетените интернет страници ги разликуваат интернет пребарувачите на нивните корисници од другите интернет пребарувачи, а со помош на единствениот идентификатор на колачето.
Со користење на колачиња на нашата интернет страница, Ви нудиме подобри услуги Вам на корисниците. Колачињата ни овозможуваат, да ги препознаваме корисниците на нашата интернет страница. Целта на ова е да Ви го олесниме користењето на нашата интернет страница. Доколку користите колачиња на нашата интернет страница, не мора секогаш кога пристапувате до интернет страницата да внесувате За пристап, затоа што ги преземате од интернет страницата и колачето е зачувано на Вашиот информациски систем.
Како корисник, можете во секое време да спречите поставување на колачиња преку нашата интернет страница со користење на соодветна поставка на интернет пребарувачот или трајно да го одбиете поставувањето колачиња, а може и веќе поставените колачиња да ги избришете во кое било време преку интернет пребарувачот или други софтверски програми. Ако го исклучите поставувањето колачиња преку интернет пребарувачот, не ќе може во целост да ги користите сите функции на нашата интернет страница.
Повеќе информации се достапни во Политиката за колачиња објавена на интернет страницата на Контролорот.
Нашата интернет страница собира низа општи податоци и информации кога пристапувате до неа. Овие општи податоци и информации се зачувани во лог фајловите (датотеките) на серверот. Собраните податоци и информации може да се однесуваат на (1) видот на интернет пребарувачот и користените верзии, (2) оперативниот систем што го користи системот за пристап, (3) интернет страницата од која системот за пристап пристапува до нашата интернет страница, (4) датумот и времето на пристап до интернет страницата, (5) адресата на интернет протоколот (IP адресата), (6) давателот на интернет услуги на системот за пристап и (7) други слични информации што можат да се користат во случај на напад врз нашиот информациски систем.
При користење на овие општи податоци и информации, не донесуваме заклучоци за корисникот. Наместо тоа, овие информации ни се потребни за (1) правилно да ја испорачаме содржината на нашата интернет страница, (2) да ја оптимизираме содржината на нашата интернет страница, (3) да обезбедиме долгорочна одржливост на нашиот информациски систем и технологијата на интернет страницата, и (4) да им ги дадеме на надлежните органи информациите потребни за гонење во случај на сајбер-напад. Затоа, анонимно анализираме и собираме статистички податоци со цел да обезбедиме оптимално ниво на заштита на личните податоци што ги обработуваме. Анонимните податоци од лог фајловите (датотеките) на серверите се зачувуваат одделно од Вашите лични податоци.
Серверите на нашата интернет-страница се наоѓаат во Република Северна Македонија и Сојузна Република Германија (земја членка на Европската Унија). Вашите податоци се обработуваат на овие локации и не се пренесуваат надвор од Република Северна Македонија и Европската Унија, освен при користење на услуги од трети страни (на пр. Google Analytics), каде одредени технички податоци може да се обработуваат на сервери надвор од Европската Унија и Република Северна Македонија, согласно документацијата за приватност и заштита на обработката на личните податоци на давателите на тие услуги.
Вашите лични податоци кои се доставени преку формата за купување на полиса за патничко осигурување и полиса за автоодговорност како и пријавите на штета ги чуваме 10 (десет) години од истекот на договорот за осигурување односно полисата односно 10 (десет) години по затворање на случајот по пријава за штета.
Контролорот не донесува поединечни одлуки врз основа на автоматска обработка на податоци вклучувајќи и профилирање.
Вашите лични податоци ќе ги откриеме на надлежни државни органи за цели на водење на постапки согласно закон. За секое откривање на Вашите лични податоци, ќе водиме писмена евиденција и ќе Ве известиме на соодветен начин.
Доколку во иднина се појави потреба за откривање на податоците на трето лице кои не се предвидени во ова Известување, ќе побараме Ваша согласност онаму каде што е тоа неопходно и ќе извршиме дополнување на Известувањето пред таа обработка воопшто да започне.
Како субјект на лични податоци (корисник, купувач, посетител на интернет страницата) имате право да добиете потврда од Контролорот дали ги обработуваме Вашите лични податоци.
Во секое време, бесплатно имате право да добиете информации од Контролорот за Вашите лични податоци, како и копија од овие податоци. Законот за заштита на личните податоци Ви гарантира пристап до следниве информации:
Покрај тоа, имате право да добиете информации за тоа дали личните податоци се пренесени во трета земја, како и за соодветните заштитни мерки во врска со преносот.
Имате право да добиете исправка на Вашите неточни лични податоци без непотребно одложување. Земајќи ги предвид целите на обработката, имате право да ги дополните нецелосните лични податоци.
Имате право да барате бришење на Вашите лични податоци без непотребно одложување. Ние сме должни да постапиме по ваквото барање ако е исполнет еден од следните услови:
Имате право да ја ограничите обработката на Вашите лични податоци, доколку е исполнет еден од следниве услови:
Личните податоци чија обработка ја вршиме со автоматски средства, врз основа на Ваша согласност, имате право да ги добиете во структуриран, вообичаено користен, машински читлив формат или да барате да ги пренесеме овие податоци на друг контролор, под услов ако е технички изводливо.
Имате право да поднесете приговор до MO ВИГ, против обработката на Вашите лични податоци за цели на директен маркетинг. Во случај на приговор, повеќе нема да ги обработуваме Вашите лични податоци за оваа цел.
Согласноста за обработка на Вашите лични податоци, имате право да ја повлечете во секое време.
Доколку сакате да остварите некое од Вашите права, Ве молиме да испатите електронска пошта на следната адреса: ivica.medarski@insumak.mk
Офицерот за заштита на личните податоци ќе постапи по Вашето барање без одлагање.
За сите прашања во врска со заштитата на личните податоци, контактирајте го офицерот за заштита на лични податоци.
Доколку сметате дека личните податоци не ги обработуваме согласно ЗЗЛП можете да се обратите до Агенција за заштита на личните податоци, со седиште во Скопје на бул.„Гоце Делчев“бр. 18 Скопје. Официјаланата интернет страница на регулаторот е https://www.dzlp.mk/. Регулаторот може да се контактира и преку на следната електронска пошта info@privacy.mk
За прашања во врска со ова Известување за обработка на личните податоци при посета или регистрација на интернет страницата на Акционерско друштво за осигурување и реосигурување МАКЕДОНИЈА Скопје – Виена Иншуренс Груп, Ве молиме да се обратите до Офицерот за заштита на личните податоци.
Акционерско друштво за осигурување и реосигурување МАКЕДОНИЈА Скопје – Виена Иншуренс Груп
Претседател на Управен одбор
Бошко Андов