Соочени со енергетската криза во нашата земја, како општествено одговорна компанија ние од МАКЕДОНИЈА осигурување а.д. Скопје- Виена Иншуренс Груп
решивме да преземеме одредени чекори за штедење на енергијата.
Мерките се однесуваат за сите наши објекти, вклучително канцеларии во кои се активни нашите вработени и наши простории издадени на корисници под закуп.
Наша цел, како и секогаш, е да ја зголемиме свесноста за уделот на секој од нас во подобрување на општеството, без разлика колку мал или голем, Компаниите треба да бидат лидери кои ќе го покажат вистинскиот пат на живеење во заедничко општество каде меѓусебно ќе се поддржуваме и ќе си помагаме.
МАКЕДОНИЈА осигурување а.д. Скопје- Виена Иншуренс Груп