Промена на краток назив на фирма и лого на Друштвото

Ја информираме јавноста дека, по претходно спроведена постапка согласно одредбите од Законот за трговските друштва и Законот за супервизија на осигурување и подзаконските акти на Агенцијата за супервизија на осигурување, извршена е промена на краткиот назив на Акционерското друштво за осигурување и реосигурување МАКЕДОНИЈА Скопје – Виена Иншуренс Груп.

И покрај промената на краткиот назив, фирмата на Друштвото (запишана во Трговскиот регистар што се води при Централниот регистар на Република Северна Македонија) останува непроменета и Друштвото продолжува да функционира во форма и начин како што е запишано во предметниот регистар.

Новиот краток назив на Друштвото на македонски јазик е:
МАКЕДОНИЈА осигурување АД Скопје-Виена Иншуренс Груп

Новиот краток назив на Друштвото на англиски јазик е:
MAKEDONIJA Insurance s.c. Skopje – Vienna Insurance Group