ПОЛИТИКА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА КОЛАЧИЊА

ПОЛИТИКА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА КОЛАЧИЊА

Што се колачињата (cookies)?

Колачињата (cookies) се мали текстуални датотеки, кои се сместуваат во вашиот компјутер или мобилен телефон од страна на интернет-страниците што ги посетувате. Овие текстуални датотеки можат да бидат прочитани од страна на интернет-страниците што ги посетувате и да помогнат во вашата идентификација кога повторно ќе ја отворите интернет-страницата. Овие текстуални датотеки можат да бидат „постојани“ или „привремени“. Постојаните колачиња (cookies) остануваат на вшиот компјутер и кога ќе го исклучите пребарувачот (ќе преминете во офлајн состојба), додека привремените се бришат штом ќе го затворите интернет-пребарувачот. Колачињата (cookies) се користат за повеќе цели, како на пример за да се запомнат вашите активности и преференции (вклучувања, јазични преференции, големина на фонт или како да ви се прикажува страницата), за да се обезбеди персонализирана/приспособена содржина на интернет-страницата и да се прикаже нејзината навигациска историја.

Зошто користиме колачиња (cookies)?

На оваа интернет-страница користиме колачиња (cookies) од следниве причини:

  • за техничко функционирање на интернет-страницата;
  • за собирање збирни и анонимни статистички податоци;
  • за да ги запомниме вашите преференции како да се прикажува страницата (преференции за параметрите на екранот), како на пример контрастот на бојата или големината на фонтот;
  • за да запомниме/да се потсетиме дали се согласувате (или не) со нашето користење на колачиња (cookies) на оваа интернет-страница.

Кога ја посетувате нашата интернет-страница, можеме да собереме некои податоци од вашето пребарување, како на пример IP адресата, која содржина од интернет-страницата на Контролорот сте ја посетиле, кога сте ја посетиле и од која интернет-страница сте биле пренасочени.

Кога ја посетувате нашата интернет-страница, користиме услуга на трета страница Google Analytics за да собереме стандардни информации за пристапот и детали за однесувањето на посетителите, но на начин без да може некој да биде идентификуван, ниту е овозможено Google да го открие идентитетот на оние што ја посетиле нашата интернет-страница.

Каков вид колачиња (cookies) користиме? 

Користиме постојани колачиња (cookies), кои го паметат пребарувањето/сесијата кога корисникот ќе го исклучи пребарувачот, со цел да се задржи состојбата на корисникот.

Можете ли да ги избришете или контролирате колачињата (cookies)?

Информациите поврзани со колачињата (cookies) не се користат за ваше лично идентификување. Прифаќањето на овие колачиња (cookies) не е неопходно за работа на интернет-страницата, но тие би ви овозможиле подобро искуство во пребарувањето. Доколку сакате, можете да ги избришете или блокирате овие колачиња (cookies), но, ако го сторите тоа, некои карактеристики на оваа интернет-страница можеби нема да работат правилно.

Можете да ги избришете сите колачиња (cookies) што веќе се наоѓаат на вашиот компјутер и можете да ги нагодите поголемиот дел од пребарувачите за нивно спречување. Доколку го сторите ова, можеби ќе има потреба рачно да ги приспособувате преференциите секојпат кога посетувате интернет-страница, а исто така можно е да не работат и некои услуги и функционалноста.