Корпоративно управување

Системот за корпоративно управување во Друштвото е поставен во согласност со стандардите на позитивните прописи на Република Северна Македонија. Во согласност со одредбите од Законот за трговските друштва, Законот за супервизија на осигурувањето, како и одредбите од Статутот, во Друштвото е воспоставен двостепен систем на управување, при што Управниот одбор е составен од 3 (три) члена, а Надзорниот одбор е составен од 4 четири) члена.