Членовите на Управниот одбор управуваат со Друштвото, обезбедуваат Друштвото да работи во согласност со правилата за управување со ризик, во согласност со одредбите од Законот за супервизија на осигурувањето, вршат контрола над ризиците од работењето, обезбедуваат Друштвото соодветно да ги води трговските книги и другата сметководствена документација, ги вреднуваат ставките во деловните биланси и изготвуваат периодични и годишни извештаи. Организациската поставеност, како и работењето на Управниот одбор во Друштвото, се во целост со позитивните прописи. 22 Во согласност со одредбите од Статутот, Управниот одбор на Друштвото е составен од 3 (три) члена, од кои едниот е именуван за претседател.
Со датум 31.12.2020 година, членови на Управниот одбор на Друштвото се: г. Бошко Андов како претседател на Управниот одбор; г-ѓа Весна Ѓорчева како член на Управниот одбор; г. Ристо Секуловски како член на Управниот одбор:
претседател на Управниот одбор
член на Управниот одбор
член на Управниот одбор