Една од нашите најголеми вредности како компанија е изразување општествена одговорност преку вклучување во непрофитни проекти и помагање на организации од областа на културата, спортот, екологијата како и грижата за маргинализирани групи. Исто така постојано низ целата година наши вработени доброволци директно се вклучуваат во различни проекти активно помагајќи вакви проекти. Таквите денови ги нарекуваме Social active days и се практикуваат насекаде низ нашата групација.
Последната таква акција беше на 25 септември во градскиот парк во Скопје. Нашите волонтери се вклучија во помагање на еден голем настан наречен „играме заедно“ кој беше наменет за сплотување на децата од различна позадина, со различни способности и недостатоци во една заедничка инклузивна игра. Во просторот на паркот околу Школка беа поставени голем број интерактивни игри во кои може да се вклучат сите деца кои ќе го посетеа просторот. Децата се вклучуваа во игри како: не лути се човече, џиновско домино, куглање, икс нула, прстени, не лути се човече, фризби, како и сензорни игри и игри кои го вклучуваа целото тело за најмалите. Секое дете можеше да си подигне флаер и со изигрување на една игра да добие печат со кој добиваше подароци од спонзорите.
Нашите вработени ги водеа децата во некои од игрите, ги пречекуваа гостите и им делеа флаери за вклучување и делеа бесплатни шишиња вода. Како подарок за сите деца што учествуваа ја делевме и нашата сликовница „Биди спремно дете“ која на забавен начин ги учи децата како да се заштитат во случај на природни непогоди (земјотрес, луња, пожар), но и како да се заштитат како учесници во сообраќајот.
На настанот имавме и специјален брендиран photo booth каде што сите кои сакаа можеа да се фотографираат и да си понесат копии од фотографијата дома.
Забавната програма не сцената на Школка беше исполнета со разновидна програма. Од ученици од различни училишта и припадници на организации, поети, инклузивни хорови, настапи на деца со попречености како и популарни македонски изведувачи.
„Играме заедно“ беше одржан во организација на Аутизам МК/Autism Awareness MK и Ветерница, а беа вклучени голем број останати организации и спонзори.
Во продолжение разгледајте ја галеријата со впечатоци од настанот и нашите вработени во акција.