Претставнички на Осигурување Македонија трчаа на Авицена женска трка

Biljana|08/09/2020 | Вести |
Фотографија на Дарко Цветаноски

Посебниот начин на функционирање на кое сме сведоци последниве месеци се префрли во сите сфери на живеење. Така што животот продолжува да се враќа во нормални рамки, настани почнуваат повторно да се случуваат, но со сменети протоколи и навики.

Еден таков годишен настан беше и Авицена Женската трка која се одржа на 3ти септември пред главниот влез на А1 Арена – СЦ Борис Трајковски од 8:30 часот, на која што зедоа учество и претставнички на нашата компанија.

Трката се трчаше според специјалниот протокол кој што беше одобрен од
Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство. Со целосно
почитување на мерките за заштита на здравјето и правилата на протоколот,
учесничките истрчаа трка од 3 километри.

Стартот беше пред главниот влез на А1 Арена – СЦ Борис Трајковски од 8:30 часот, а патеката се движеше лево до подвозникот кај Хотелот Александар Палас, од каде што продолжи десно во Градскиот Парк до самата цел зад Ботаничката Градина.

„Не водеше желбата да бидеме тим којшто ќе ја претстави компанијата на една
ваква позитивна спортска манифестација. Целта на самата трка е дружбата и
спортскиот дух. Дружењето и спортот не прават посилни физички и духовно,
секако внимаваме и на мерките за заштита од Ковид 19. Упатуваме повик до
останатите колеги да ни се придружат за вакви и слични активности од
општествен карактер во иднина. “ – велат нашите колешки.

Честитки до нив за успешно завршената трка.

Оваа година Осигурување Македонија, Виена Иншуренс Груп поради состојбата со
ковид 19 нема да ја одржи добротворната трка којашто ја организира од
хуманитарен карактер во октомври на скалите во дванесеткатницата во Скопје.

Во прилог фотографии од настанот.

Фотографијатра во насловот е на Дарко Цветаноски